15.8 C
Скопје
09:19 - 30 април, 2024

(РЕПОРТАЖА) ВО ДВОРОТ НА МАНАСТИРОТ СВЕТА БОГОРОДИЦА ВО С. БАЊАНИ: Верувања за Трудното дрво – ја лекува неплодноста

Приказната за трудното дрво се случила пред многу години, за кое, како што велат мештаните и, им помага на сите коишто посакуваат, а не можат да имаат деца.

фото – приватна архива

Започнува вака: ,, Во дворот на манастирот седеле тројца мажи, дедо Милош, овчарот и уште еден нивни пријател, кога се појавил човек од Скопје, кој се претставил како Илија. Тој им раскажал на присутните оти сонил дека токму во тој манастир се наоѓа бремена жена. Тројцата мажи се насмеале и му кажеле дека тоа не е можно, бидејќи во манастирот има само мажи. Но, сепак Илија бил упорен и тврдел дека на ова место има жена која е во блажена состојба. Тој започнал да бара и го нашол дрвото кое личи на стомак на трудница”.

На четириесетина минути оддалеченост од Скопје, на височините на планината Скопска Црна Гора, се наоѓа манастирот „Света Богородица“. Во дворот на манастирот ќе го видите дрвото кое наликува на трудна жена, а за кое приказната вели дека им помогнало да забременат на многу жени кои биле неплодни.

До таму се стигнува поминувајќи низ селата Бањани и Горњани, а потоа се продолжува кон рудникот Бањани. Уште стотина метри погоре, ќе дојдете до знакот на кој пишува дека до манастирот има уште триста метри. Ако залутате секогаш можете да застанете и да прашате некој од љубезните мештани да ви каже како се стигнува до манастирот. Ќе се изненадите кога жителите уште пред да прашате за местото, ќе ви кажат сè за дрвото.

– Многу години доаѓам тука, но никогаш не сум го видел дрвото. Откако го најде Илија, тој ни кажа дека тоа дрво ќе им помага на жените кои не можат да имаат деца и дека тука ќе доаѓаат да се молат. Ни кажа дека треба да го покриеме дрвото, да ставиме икона и крст кај што се наоѓа. Илија ни остави и молитва којашто треба да ја прочитаат сите кои ќе доаѓаат да побараат помош и ни објасни што треба да направат тие што ќе дојдат. На секоја жена која ќе дојде да побара помош, ние и кажуваме што треба да направи и не смееме никого да вратиме назад без разлика на нејзината националност и вера – раскажува еден од домаќините на манастирот.

– Најпрво треба да се наполни вода од манастирската чешма, мажот и жената потоа треба да се помолат внатре во манастирот и да ја кажат молитвата, да ги замијат рацете со водата, потоа да се упатат кон дрвото и таму да го сторат истото. Од кај дрвото треба да си продолжат кон своите домови од друга страна, бидејќи не треба да се вратат повторно до манастирот штом еднаш отишле до дрвото, објаснува еден од мештаните.

Голем дел од оние што го посетиле местото и сега имаат деца се вратиле со подароци за манастирот.

Дедо Милош за прв пат прозборел во манастирот „Св. Богородица”

Долги години за манастирот се грижеше и живееше во него, дедо Милош, кој имаше интересна животна приказна поврзана токму за манастирот „Св. Богородица”. Тој бил  роден во селото Кучевиште, а до својата 21 година бил нем. Откако неговата баба му кажала за манастирот, тој дошол тука и неговиот глас се пуштил и почнал да зборува, но кога си заминал од манастирот, повторно занемел. Така, тој решил да се врати во манастирот и да остане да се грижи за него. Сè до својата смрт дедо Милош останал да живее во манастирот.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Видео) Убиена мисица среде ресторан: Вознемирувачко видео од стравичниот настан, причините се застрашувачки

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Имаат ангелска душа: Три хороскопски знаци кои простуваат колку и да се повредени

еспресо

Астропрогноза за вторник, 30 април: Подарок од универзумот за Лавовите, важен ден за Овните

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

„Жена од султана“ побегна од својот роденден: Пејачката донела неочекувана одлука и веднаш морала да реагира

Еспресо
Се вчитува....