17:57 - 31 март, 2026

НУТРИЦИОНИСТКА ОДГОВАРА: Дали ајварот дебелее? А, која зимница е најздрава?

Со оглед на тоа дека овие денови секој дел од градот мириса на печени пиперки, многумина од нас кои се на специфичен режим на исхрана можеби се прашуваат – „дали смејам да јадам ајвар и зимница и колку тие дебелеат?.“

Српската нутриционистка Ивана Мишиќ го има одговорот и добри вести, а тоа се – ајварот речиси и да нема калории.

Проценката е дека домашниот ајвар на 100 грама има околу 85 калории.

Сепак, порачи печењето и барењето на пиперките за време на подготовката на ајварот, тие пиперки ги загубиле речиси сите нутритивни вредности, па затоа ова зимско задоволство нема многу хранливи материи.
Кога го подготвувате ајварот внимавајте на количината на масло кое го ставате.
Кога е во прашање зимницата, зеленчукот термички се обработува што доведува до загуба на некои витамини, како што се Ц, Б и А, но и понатаму остануваат минералите, растителните влакна и фитонутриентите кои се од големо значење за организмот.
Единствен исклучок кога е во прашање зимницата е киселата зелка. На зелката за време на скиселувањето ѝ се подобрува нутритивната вредност и ѝ се зголемува количината на витамин Ц.
Пробиотичките култури кои природно се создаваат во зелката за време на ферментацијата се одлична одбрана на организмот за време на зимските денови.
Доколку патиме од хипертензија, треба да внимаваме на количината на солта која ја додаваме во зимницата и задолжително убаво да ја измиеме во вода, за да ја извлечеме солта.

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....