8.8 C
Скопје
00:34 - 8 октомври, 2026

ХУМАНО: Поранешен сточар отворил пензионерски дом за крави, се грижи за нив додека не умрат од природна смрт!

Јан Гердес од провинцијата Долна Саксонија, Германија, го наследил семејниот бизнис од неговиот дедо и татко. Со години одгледувал животни за да го издржува своето семејство, но постојано имал желба да се грижи за животните на поинаков начин.

„Како производител на млеко, јас бев жртва на системот. Од една страна, морав да се грижам за моето семејство, но од друга страна повеќе не можев да ги одделувам телињата од нивните мајки. Особено немав срце да ги испраќам „непрофитабилните крави“ на колење“, рече Гердес.

По многу размислување, во 2002 година тој одлучил да ги продаде сите свои крави.

Оставил само 12, но кога требало да ги одведе на колење, не можел да го направи тоа.

Одлучил да се грижи за нив додека не умрат од природна смрт.

Сега, речиси дваесет години подоцна, Јан и неговата партнерка Карин Мак, децата и другите вработени, се грижат за дваесетина крави кои се во пензија.

Меѓу нив има две од првите дванаесет крави, Мартина и Магда.

фото фејсбук

Додека Мартина е омилено милениче, Магда е повлечена и не сака да ја „гњават“, а во пензионерското засолниште го почитуваат тоа. Поранешниот сточар прво се плашел дека тој и неговото семејство ќе завршат на просјачки стап.

„Веќе немав приходи од производство на млеко и морав да најдам друг начин да заработам. Моравме да ги потрошиме сите заштеди за да преживее засолништето, но сѐ се смени кога луѓето дознаа што правиме овде“, објаснува Јан.

Потоа Јан и Карин почнале да изнајмуваат соби за одмор на имотот, и луѓето полека почнале да сфаќаат каде доаѓаат и да донираат пари потребни за целосна грижа за животните.

Во 2007 година, Јан и Карин одлучиле да го официјализираат непрофитното засолниште за крави и други животни на кои им е потребна грижа.

Денес, пензионерскиот дом за крави се вика „Хоф Бутенленд“, и е дом на разновидни животни спасени од разни форми на штета и експлоатација, а благодарение на големата поддршка и брзина, секое животно има доволно простор, храна, здравствена заштита и не се плаши од колење или каков било вид експлоатација.

Тие само што подигнале нова штала за зимата, а животните станаа и sвезди.

За пензионерскиот дом беше снимен документарниот филм „Butenland“, кој зборува за патот што Јан го поминал од сточарството до активизам.

извор – агротим.мк

Слични објави

Тарик Филиповиќ ѝ го честиташе 50. роденден на убавата Лејла со емотивна порака: „Никој никогаш нема да те сака како што те сакам јас“

Еспресо

Пејачот од „Мајами бенд“ откри детали од прославата на ќерките на Карлеуша и Тошиќ: „Душко беше погалантен“

apostolova

(Видео) Му ја продала куќата на Новак Ѓоковиќ, па изградила вила на Космај: Елена Караман ја покажа својата луксузна оаза

Еспресо

(Видео) Ксенија Николова го прекрои костумот од нејзиниот татко: „Кога го носам ја чувствувам неговата енергија“

Еспресо

По Анабела Атијас и Гаги Ѓогани оди на операција – отворено зборуваше за својата здравствена состојба

Еспресо

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С
Се вчитува....