23:04 - 7 ноември, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Рецепт за протеински ролат

На наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“).
Овојпат шеф Бранко ни подготвува здрави оброци за подобро здравје!
– Ви подготвив протеински ролат со авокадо, морков, наполитана сос и урда. Толку е вкусен што доколку некој ве зазбори, ќе отиде цел на едно јадење, вели шеф Бранко и порачува:

Хранете се здраво, избегнувајте фаст-фуд оброци спортувајте и посветете се на себеси. 

фото – приватна архива

Потребни состојки за ролатот

  • 100гр. овесно брашно
  • 4 јајца
  • Китка магдонос
  • Два свежи моркови
  • 2 мали лажички маслиново масло
  • Семки од сончоглед
  • Јогурт со 2% масленост
  • Малку хималајска сол
  • Урда по вкус

За кремот од авокадо

  • Едно зрело авокадо
  • Неколку листови магдонос
  • Малку хималајска сол
  • Маслиново масло

За кремот од домати

  • 2 розеви домати
  • Маслиново масло
  • Листови свеж босилок
  • Хималајска сол

Начин на подготовка

Состојките за кората (освен урдата) додадете ги во блендер. Блендирајте се додека не добиете густа хомогена смеса. Поставете хартија за печење во садот во кој ќе го подготвувате ролатот и истурете ја смесата рамномерно. Печете 10 до 15 минути на 180 степени.

Во блендер, додадете го авокадото и останатите состојки. Направете крем со блендирање и оставете го да отстои некое време во фрижидер.

Во длабок сад додадете ги сецканите домати, сецканите листови свеж босилок, маслиновото масло и солта. Мешајте убаво.

Откако ќе излади кората филувајте ја со авокадо кремот и урдата. Виткајте ролат почнувајќи од краевите со постепено притискање. Врз ролатот истурете ја салсата од домат и босилок. Оставете да се стегне во фрижидер околу 10 минути. Консумирајте го со ајран, кефир или пак помалку масно кисело млеко или јогурт.

Вкусно!

фото – приватна архива
фото – приватна архива

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....