21:34 - 9 ноември, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: 100% природен маџун за здрав и силен имунитет низ цела година

Сезоната на зимници е во тек. А, на наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“). 
Овој врвен готвач, гастроном и љубител на кулинарството денес ни открива рецепт за подготовка на маџун. 
фото приватна архива

Маџунот е традиционален и национален македонски производ (природен засладува). Се добива од висококвалитетни бели и црвени сорти грозје. Овој производ кој што се употребува како храна, се повеќе се бара и како лек. Тој е природен антиоксиданс, содржи гроздов шеќер (гликоза и фруктоза), богат е со хидросолубилни витамини (В1, В2, Б6 и C), минерали (K, Na, Ca, P, Fe), танински материи, флавоноиди и органски киселини.

ПОДГОТОВКА

За подготовка на една тегла 100% природен маџун е потребно околу 6 до 6 и пол кг. грозје (бело или црно грозје).

Начин на подготовка:

Грозјето се гмечи низ машинка за мелење на месо или ако станува збор за голема количина може и од машинка за мелење грозје за вино, таканаречена муљача. Доколку немате ни машина за месо ни муљача, згмечето го грозјето со раце да излезе сокот или пројдете го низ соковник. За маџунот е потребно само сокот од грозЈето, не лушпите и семките.

Сокот од грозјето исцедете го низ газа или цедилка за да не ви останат семки или лушпи од грозје. Сокот ставете го во тенџере на оган или во шерпа на ќумбе и варете го додека да се згусне. Ќе внимавате да не ви загори.

Грозјето е богато со шеќер, и може да карамелизира ако го заборавите. Затоа требА да внимавате во подготовката.

Маџунот се става во топли тегли или шишиња кои се редат едно до друго и се остава да се олади. Покријте ги со крпа и ставете ги во ладна и темна соба. Се користи како засладувач во чај, кафе, сок, слатки, торти, смудиња и слично.

фото приватна архива

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....