9.8 C
Скопје
06:21 - 4 мај, 2024

СКОПЈАНКАТА НИКОЛИНКА КОТЕВСКА: Денес јас не сум болна, туку здрава жена, карциномот е проклетник!

Уште од 1985 година, октомври е прогласен месец за свесноста за ракот на дојката и секоја година во овој период од годината се организираат различни кампањи со цел да се дигне свесноста на дамите во врска со овој тип на канцер.

фото проватна архива

Скопјанката Николина Котевска изминатите 10 години била оперирана од рак на тироидна жлезда, на грло и двапати на дојка. Освен што четири пати била во операциона сала, преживеала и мозочен удар. Стравот го победила и денеска вели дека не е болна. Единствено жали што не успеала да го спаси сопругот кој починал од малигно заболување.

Борбата со канцер започнува во мигот кога ја дознавате горката вистина, а за госпоѓа Николинkа борбата започнала многу необично.

– Мојата приказна започнува од мементот кога мојот брат почина од карцином. Бев отидена на помен и почувствував како во грлото ми пукна нешто. Ја фатив ќерка ми за рака и си отидов дома. Легнав и сум заспала, па  го сонував брат ми кој ми вели – престанете да плачете, пливам во вода, но ти драга сестро, почни со лекувањето – и така започнав. Отидов кај докторката кај која се лекував од тироидната жлезда и и реков дека имам рак.  И реков да ме прати на биопсија, а резултатите само ја потврдија дијагнозата, покажа дека е 5та група третт стадиум – се сеќава Николинка.

Пред 14 години, поради брзата реакција на докторот, на Котевска и бил спасен животот.

– Ме предупреди дека може да престанам да зборуван, а јас му велам – знам да пишувам – само главата да ми стои на рамена, децата да не ми плачат. Ме оперираше, а кога прозборев, тој заедно со мене плачеше – раскажува Котевска.

По закрепнувањето, Николинка се соочила со неканет гостин. При редовен преглед на градите, таа започнала нова борба.

– На преглед кај другарка на ќерка ми, прегледот покажа дека имам топче на левата града. Година дена, од топче како лешник се направило како јајце.Ми рече да направам биопсија, па на 24 Мај да ме оперира.Јас се насмевнав и ѝ реков дека нема проблем.

Котевска им соопштила на домашните, немирот се всадил во нивните срца. Но таа решила дека до крај ќе го изоди тешкиот пат.

– Дојде време, ме оперираа, но најтешко ми паднаа хемотерапиите. Најтешко ми падна губењето на косата, затоа сега за секоја прилика правам фризура. Тоа лето беше жешко, температурите достигнуваа до 40 степени, а јас ги поминав хемотерапиите. Се изборив со мозочен удар, потоа со блокада на срцето, и тогаш се изборив. Но кога ги добив резултатите на маж ми, знаејќи по моите дијагнози дека станува збор за малигно заболување, јас добив рецидив. Се појави топче на истиот рез од операцијата – вели Котевска.

Госпоѓа Николинка повторно ја фрлила ракавицата за нова борба. Предизвикот бил голем, но желбата за живот била неспоредлива.

– Ниеден анестезиолог не сакаше да ме оперира после мозочниот удар и блокадата на срцето. Јас на докторот му реков вака – ако треба и на живо оперирајте ме, извадете го еднаш засекогаш тој звер, проклетник од мене – и така беше, не ме оперираа со целосна анестезија, само со локална. Помина и тоа, ми дадоа зрачење. Тој период никогаш нема да го заборава, маж ми беше на хемотерапија, јас на зрачење.

Оваа дама се бори не со една туку со 1001 болест, но да не била подршката од семејството, од членките на ,, Борка ” и од пријателите, моѓе и нема да успеела. За крај упати еден апел до сите кои се борат со подлата болест, да не се откажуваат, со позитивна енергија, со голема љубов, ќе се изборат и ќе победат, зошто и после ракот има живот!

ФОТО ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....