17.8 C
Скопје
14:08 - 11 март, 2026

(ФОТО) ПОТРЕСНА ПРИКАЗНА НА СКОПЈАНКАТА МАРГА: Доказ на мојата упорност е можноста да одам сама со автобус и да преминам улица!

Марга Велеска од Скопје е девојка која при породувањето поради лекарска грешка има церебрала парализа.

приватна архива

– На само една година започнале моите здравствени проблеми како последица од лекарска грешка уште додека сум била во инкубатор – вели Марга.

Но тоа не ја спречило да заврши факултет и да го изучи шпанскиот јазик. Сака да работи на струка. Но болеста и го отежнува животот.

– Како дете, но подоцна и како тинејџер, ми беше многу тешко да ја прифатам реалноста, но како што минуваше времето церебралната парализа стана дел од мене и мојата личност. Сепак, се трудам да си ја подобрам состојбата заради мојата иднина и успевам во тоа, тешко е но успевам – ни раскажува Марга, – како доказ на мојата упорност да напредувам е можноста да одам сама со автобус и преминувањето на главна улица. Но, не застанувам тука, бидејќи во животот и невозможносто е возможно!

Сепак спасот го гледа во лекување со матични клетки во Русија. Поминала неколку третмани од кои има огромни резултати. Но секоја терапија чини многу пари кои семејството тешко може да го обезбеди. Марга се бори да и помогнеме да успее.

приватна архива

– Уште како дете одам на различни третмани, а во 2005 година направив операција од која имам подобрување. Во 2012 година дознав за лекување во клиниката „Неуровита“ во Москва. Третманот и лекувањето се состои од земање и вбризгување на матични клетки, магнетна терапија и физичката активност односно тренингот како многу важен дел од лекувањето – објаснува Марга.

Марга не се разочарува, туку постојано истражува, се информира и внимава на својот напредок и успех во лекувањето. Разните третмани се корисни, но истовремено и многу скапи, па затоа на оваа млада девојка и е потребна, покрај морална и финансиска помош.

Во 2006 година Марга ја доби наградата „Даница Ручигај“  за најдобра дебитантска поетска книга  за збирката „Тишина“.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova
Се вчитува....