13.8 C
Скопје
14:27 - 18 декември, 2024

(ФОТО) МАЛИОТ РАЈ НА ЈУЛЕ ВО ДРАЧЕВО: Вака се ужива во хобито од младоста

Денес сме во населбата Драчево во преубавиот двор на Јулијана Шероска-Мисиркоска, домаќинка, сопруга и мајка на две деца.
Нашата соговорничка со одгледување на цвеќе се занимава, како што нагласува – исклучиво од хоби, од својата 15 годишна возраст.
фото-приватна архива
– За уредување на мојот двор одговорноста е моја, но имам значителна помош и од мојот сопруг кој несебично ми помага во сè што ми е потребно за да ги реализирам моите желби и замисли како да изгледа нашиот двор, ни вели Јуле.
Дворот се простира на околу 100 метри квадратни.
-Иако дворот не е многу голем, јас се потрудив да изгледа како еден мал рај во кој уживам секојдневно, каде го пијам првото утринско кафе и уживам во раскошот на убавите цвеќиња, ни објаснува нашата насмеана домаќинка.
Според Јуле, како и секоја работа што бара посветеност така и цвеќињата си бараат да им посветиш време и што е најважно – многу љубов!
– Јас со голема љубов им се посветувам на цвеќињата уште од рано наутро. Кога сте вљубени во своето хоби не ни обрнувате внимание колку време сте потрошиле, затоа што секој миг уживате во убавината, иксрена е Јуле.
Вели дека сите цвеќиња ѝ се омилени, но дека ако, ете, треба да издвои едно, тоа би биле бугенвилиите кои премногу ги сака и ги има десет на број, речиси во сите бои.
– Ми недостига од нив само уште некоја боичка, ама ќе биде и тоа, се смее нашата цветна дама. Посебни се, едноставно не бараат многу, а даваат премногу, цело лето ме радуваат со „букет од цветови” што ми го прават дворот посебен.
Во дворот има и цвеќиња кои се зимоотпорни и тие не бараат никаква грижа во периодот на студените денови. Така, во зима, дворот е зелен со нив. Но има и цвеќиња кои треба да се внесат  дома во студените денови.
– Нема посебна грижа во зима за нив, но мора да се на некоја одредена температура од 10 до 15 степени и да се заштитат да не ззмрзнат.Во текот на зимата не им треба многу вода, еднаш месечно е сосема доволно, а и прихрана исто така, но морам да напоменам дека во зима не треба да се претерува со наводнување, објаснува Јуле.
Стигнуваме до советот – што таа би ги советувала оние кои сакаат да почнат со одгледување на цвеќе?
– Мој совет за сите кои ќе сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување на цвеќе, да почнат со некои видови на цвеќе кои се издржливи и не многу тешки за одгледување. Ги има многу, но еве ќе земам за пример хортензија, сардели, детелинки, кактуси, сукуленти, дрвото на животот….сите овие видови се многу лесни и издржливи, сè што им треба е вода.
Друг совет е многу љубов, без неа нема ништо како и за сè во животот, – низ насмевка ни раскажува Јуле и додава – Нека читаат, нека се едуцираат, нека бараат совети од искусни одгледувачи на цвеќе, нека прашуваат и резултатите ќе бидат видливи.

Инаку, Јуле е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova
Се вчитува....