12.8 C
Скопје
14:49 - 25 април, 2024

СЕ ПРАШУВАТЕ ДАЛИ СТЕ ГО ПРЕЛЕЖАЛЕ КОРОНАВИРУСОТ БЕЗ ДА СИМПТОМИ: Ќе откриете со помош на овие знаци кои ви дава телото

Unsplash

Често се зборува за коронавирусот на начин или сте болни или не сте, дали сте биле болни и сте оздравеле. Но, постои и средина во целата приказна – се проценува дека од 10 до 30 отсто од лицата што претходно биле здрави, ја имале болеста и доживеале само блага форма, но не закрепнале.

Тука се доаѓа до поимот „долг ковид“, кога симптомите што останале по болеста можат во голема мера да влијаат на животот. Неодамна спроведената студија во Англија од Државниот завод за статистика, го покажа списокот на најчести симптоми што се појавуваат откако сте имале ковид-19, но и не исчезнуваат толку брзо.

Се чувствувате комплетно исцрпено

Хроничниот замор е најчесто пријавуваниот симптом на болеста. Во овој случај нема само да се чувствувате сонливо, туку нема да можете да функционирате како што сте функционирале пред коронавирусот.

– Тоа е како некој да ве тепа и тоа постојано се повторува – рекол Пол Гарнер, професор на Универзитетот Ливерпул. Тој додал дека нему лично, првите два месеца по болеста ковид-19, му биле исклучително тешки, дека состојбата се подобрува сега, но и дека понатаму чувствува силен замор, има магла во главата и не може добро да проценува, а соочувањето со тоа е секојдневна работа.

Краток здив

Ковид-19 примарно е респираторна болест и оштетувањето што го прави на белите дробови може тешко да се поправи. Иако некои луѓе немаат никакви проблеми, оние што ја искусиле таа состојба, може да страдаат долго време по болеста. Станува збор за вториот најчест симптом на „долгиот ковид“.

Ве болат мускулите

Доктор Ентони Фаучи предупредува дека ковид-19 често има симптоми на болки во мускулите и во зглобовите, со температура, замор и когнитивни проблеми, како тешкотии со меморијата. Тој додава дека тие лица долго време по самата болест ги имаат споменатите симптоми што не поминуваат.

Проблеми со концентрацијата

Еден од честите симптоми што се воочени кај лицата што ја прележале болеста е нешто што тие го опишуваат како „магла“ во мозокот, а тоа може да се однесува и на проблемите со краткотрајното памтење, губењето на меморијата, општата збунетост, проблемите со концентрацијата или едноставно се чувствуваат поинаку отколку пред самата болест, а маглата во мозокот се смета за еден од нив. Тие проблеми секако не се наивни.

Можеби имате главоболки

Силните главоболки можат да бидат предизвикани од ширењето и собирањето на крвните садови во мозокот, а проблемот може да се појави и кај децата.

– Ги прегледаме симптомите на „долг ковид“ кај децата и, за жал, забележавме дека и кај нив се појавуваат, најчесто во форма на замор и главоболка – појаснува Рошел Валенски, директорка на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Воспаление на срцето (срцевиот мускул)

„Откривме дека има пациенти што целосно закрепнале и се чини дека немаат никакви симптоми, но кога ќе се прегледаат, на пример, со магнетна резонанца, се забележуваат голем број на оние што имаат воспаление на срцето. Токму таквите податоци ни кажуваат дека мора да бидеме понизни сѐ додека целосно не ја разбереме природата на оваа болест“, истакнал д-р Фаучи.

Слични објави

(Фото) Мина го покажа лицето на синот што го доби со Амиџиќ: Тој е плод на најголемата љубов што сум ја почувствувала во животот

Еспресо

(Видео) Вељко го исполни ветувањето: Расплакана Цеца му шепна емотивни реченици на синот по мечот

Еспресо

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо
Се вчитува....