14:29 - 9 ноември, 2026

БРАВО ЗА ХУМАНАТА АКЦИЈА: Плати оброк кој се доставува на домашна адреса на семејства од социјална категорија!

Лајонс Клуб Прилеп вчера започна со вториот имиџ проект на Гувернерката Весна Пацаноска, „КУПИ И ПОДАРИ ОБРОК-НАХРАНИ СЕМЕЈСТВО”.

Идејата е да добиваат оброци купени од хумани луѓе, семејства од социјална категорија. Овој хуманитарен проект прв го почна ЛК Прилеп од каде потекнува Гувернерката и ќе се реализира во цела држава преку Лајонс клубовите во останатите градови.
– За почеток, почнавме соработка со 5 ресторани во Прилеп, каде секој граѓанин може да плати оброк кој се доставува на домашна адреса на семејства од социјална категорија. Веќе имаме одзив и, се разбира, отворени сме за соработка со сите кои сакаат да ми се придружат. Самите сопственици на некои од рестораните понудија попуст за оброците од 10-50%. Флаери се дистрибуирани по рестораните каде можете да добиете повеќе информации како да донирате оброк или посетете ја ФБ страницата на Lions Club Prilep. Ги повикуваме сите хумани луѓе да се вклучат во акцијата“, изјави Пеце Петрески, претседател на ЛК Прилеп.
Нека им е успешна оваа прекрасна акција и да нахраниме што повеќе луѓе!

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....