11.8 C
Скопје
04:30 - 14 мај, 2024

Животната приказна на Милка Ефтимова: Секогаш остана дама

Примадоната Милка Ефтимова, алт и мецосопран певица, доајен на Македонската опера и редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, е родена на 26 февруари, 1936 година, во Радовиш. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а во мај 1961 година, како член и солист на хорот на Словенечката филхармонија, настапила во Виена под диригентската палка на големиот Ловро фон Матачиќ.

facebook

Како стипендист на Скопската опера и на инсистирање на композиторите Тодор Скаловски и Петре Богданов, есента во 1961 година, Милка Ефтимова станала солист на операта при Македонскиот народен театар во Скопје.

На втората фестивалска година од Охридското музичко лето настапила како солист во кантатата „Величание“ на Тодор Скаловски.  На вториот меѓународен конкурс во Софија, во 1963 година, ја добила третата награда од 117 кандидати од 26 држави.

Facebook

За отворањето на новата монтажна зграда на МНТ во 1965 година, Милка реализирала една нова улога, која со текот на годините станала и нејзин симбол – Кармен од истоимената опера на Жорж Бизе.

Улогата Кармен од истоимената опера на Жорж Бизе станала нејзин симбол.

Во 1966 година заминала на специјализација како стипендист на Владата на Репбулика Македонија во Италија во „Санта Чичилија“ во Рим. Италијанската влада ѝ доделила двомесечна стипендија за престој во Сиена, на академијата „Киџијана“, каде што продолжила да работи концертно пеење. Одлучила да ја прифати многупати упатуваната покана од страна на Љубљанската опера, веќе од септември 1967 година била првенка на оваа куќа. Од Љубљана се вратила во 1978 година во Скопје како првенка на операта при МНТ.

Од оперската сцена јубилејно се простила со „Кармен“ на 6 ноември 1991 година, тоа ѝ била 157 претстава. За нејзините 44 оперски улоги и над 200 дела од концертно-солистичкиот опус, како и за гостувањата во 15 земји на три континенти, објавена е монографијата насловена „Милка Ефтимова, светот на еден глас“, која зборува за културното и духовно наследство што го остави оваа примадона на музичката македонска сцена.

Проектот на Музејот на македонска борба „Неколку нијанси женски приказни“, ги величи жените во Македонија од почетокот на 20 век до денес.

 

 

The post Животната приказна на Милка Ефтимова: Секогаш остана дама appeared first on Слободен печат.


Животната приказна на Милка Ефтимова: Секогаш остана дама was first posted on јуни 2, 2020 at 12:20 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....