17.4 C
Скопје
04:35 - 10 јули, 2026

Жители на град во Ломбардија без коронавирус: Бевме многу внимателни од првиот ден

Додека во Италија бројот на мртви од последиците на коронавирусот и понатаму расте, еден тамошен град досега нема ниту еден заразен.

Станува збор за местото Ферера Ербоњона, кое има околу 1.100 жители и се наоѓа во Ломбардија, епицентарот на италијанската криза предизвикана од коронавирусот.

„Горди сме и среќни што кај нас е ваква ситуацијата, но не можеме да кажеме дека не сме уплашени, бидејќи луѓе умираат во градот до нас“, кажала локалната жителка Мери де Лука.

Уште не е јасно зошто тој град, 50 километри југозападно од Милано, е потполно поштеден од заразата.

„Бевме многу внимателни од првиот ден“, вели Де Лука, сопственичка на тамошна самопослуга.

„Нашите купувачи од самиот почеток на избивање на епидемијата носеа маски и ракавици“ дополнила таа.

Градоначалникот Џовани Фасино добил идеја да се тестираат жителите на антитела на коронавирусот. Но, сепак, покраинските здравствени власт ја одбиле понудата, бидејќи градоначалникот сакал испитувањето да го спроведе институт кој е надвор од мрежата на регионално одобрените лаборатории.

Во Италија досега со коронавирусот се заразени 105.000 луѓе, а починати се повеќе од 12.000. Во Ломбардија се 40 отсто од сите италијански случаи и две третини од починатите.

The post Жители на град во Ломбардија без коронавирус: Бевме многу внимателни од првиот ден appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....