14.8 C
Скопје
23:02 - 2 мај, 2024

Затворена фабриката „Мода“ во Свети Николе: 19 лица позитивни на Ковид-19, ќе се тестираат сите 730 вработени

Бројот на заболени со коронавирус во Свети Николе се зголемува, а од општинскиот кризен штаб вчера соопштија дека во градот има вкупно 50 заболени, додека 75 лица се наоѓаат во самоизолација бидејќи имале контакт со заболени лица.

Според овие информации, состојбата во градот е најалармантна во текстилната компанија „Мода АД“, која всушност е поделена на две конфекции, каде има вкупно 730 вработени лица.

Директорот на конфекцијата, Ангел Димитров, за „Слободен печат“ вели дека досега се тестирани над 200 вработени, од кои утрово добиле информација дека 19 се позитивни, поради што фабриката ќе се затвори на неопределено време.

– Се тестираа над 200 вработени од кои 19 се покажаа како позитивни на вирусот, поради што одлучивме да ја затвориме конфекцијата на одредено време – вели Димитров.

Токму поради тие 19 потврдени случаи со коронавирус, Димитров истакна дека ќе бидат тестирани и сите преостанати работници од двете конфекции.

– Во понеделник на сопствен трошок ќе ги тестираме комплетно сите работници. Откако ќе ги видиме резултатите на сите вработени дополнително ќе донесеме одлука за тоа кога повторно ќе почнеме со работа – додаде Димитров, истакнувајќи дека дотогаш конфекцијата останува под клуч.

Од друга страна, до редакцијата на „Слободен печат“ пред неколку дена пристигна жалба од вработена во конфекцијата „Мода АД“, која сакаше да остане анонимна, а која вели дека вработените одамна стравувале за создавање на потенцијален кластер во оваа фабрика, поради што сметаат дека таа требало да се затвори од претходно, а исто така се пожали и на лошите хигиенски услови.

„Сакам да останам анонимна од јавноста со причина да не го изгубам работното место, но во исто време ние го губиме и здравјето. Во конфекцијата „Мода“ во Свети Николе има 10 вработени кои се заболени, а околу 50 се во изолација. Во едно интервју од неодамна нашиот директор изјави дека ако се појави еден позитивен случај ќе ја затвори фабриката, а сега има десетина заболени. Инаку и кујната ни е укината и за оброк ни се дава ладен сендвич надвор заедно со мувите и нивните кучиња. Мислам дека е крајно време да се освести некој за доброто на сите вработени“, ни пишува оваа текстилна работничка.

Димитров пак ги демантираше овие шпекулации, односно вели дека конфекцијата била превентивно затворена уште во април кога немало ниту еден позитивен случај на Ковид-19, а посочи и дека редовно се почитувале сите мерки за заштита од вирусот.

– Тоа се случи во април кога немаше ниту еден заболен. Ние постапивме по одлуката на Владата, поточно по уредбата за примена на закон за работни односи и на 16 април затворивме на две недели, иако во тоа време немаше ниту еден заразен. Тоа го направивме токму поради ваквите притисоци за да се почитуваат сите превентивни мерки. Сега кога вирусот е навистина присутен во конфекцијата од пред неколку денови, принудени сме повторно да затвориме – изјави Димитров.

The post Затворена фабриката „Мода“ во Свети Николе: 19 лица позитивни на Ковид-19, ќе се тестираат сите 730 вработени appeared first on Слободен печат.


Затворена фабриката „Мода“ во Свети Николе: 19 лица позитивни на Ковид-19, ќе се тестираат сите 730 вработени was first posted on јули 10, 2020 at 1:35 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....