22.8 C
Скопје
12:39 - 6 мај, 2024

Застрашувачки фотографии покажуваат како се шират капките од заразените од вирусот ако не носите заштитна маска! (ФОТО)

Докторот Рич Дејвис, директор на микробиолошката лабароторија во Вашингтон изведе два едноставни начини на експерименти за да докаже зошто е потребно да се носат заштитни маски за лице.

Од кога е најавена во март пандемијата на корона вирус, една од најважните теми на која се расправало беше предноста на носење заштитна маска за лице.

Додека некои земји маските за лице ги воведоа како задолжителни за носење, други земји дозволиле на јавноста сама да одлучи дали сака да ги носи.

Сега еден научник изведе два едноставни научни експерименти за да ја покаже предноста на носење маски.

– Што прави маската? Ги блокира капките за дишење кои доаѓаат од носот и грлото – напишал доктор Дејвис на Твитер, со фотографија на која е покажан експериментот.

Во првиот експеримент, докторот кивал, пеел, разговарал и кашлал кон агар плоча (служи во лабараториите за испитување бактерии), со и без маска.

Фото: Твитер

Резултатите откриле дека носењето маска ги спречило речиси сите респираторни капки да дојдат специјализараната подлога.

Меѓутоа, агер плочата користена во тестовите без маска била потполно покриена со колонијални бактерии.

Во другиот експеримент, доктор Дејвис тестирал на која одалеченост може да патуваат респираторните капки кога личноста носи маска и кога не носи.

– Ставив плочи на одалеченост од 60 сантиметри, 1,2 метри и 1,8 метри и потоа силно се искашлав во период од 15 секунди. Тоа истото го направив повторно без маска. Како што се гледа по бројот на колонија од бактерии, капките во принцип слетале на површината на плочата одалечена од 1,8 метри, но маската ги блокирала скоро сите – напишал микробиолгот.

Фото: Твитер

The post Застрашувачки фотографии покажуваат како се шират капките од заразените од вирусот ако не носите заштитна маска! (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Застрашувачки фотографии покажуваат како се шират капките од заразените од вирусот ако не носите заштитна маска! (ФОТО) was first posted on јули 4, 2020 at 12:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....