11.8 C
Скопје
04:50 - 3 мај, 2024

Загрижувачки откритија: Научниците наоѓаат пластика во човечките бели дробови, црниот дроб и бубрезите!

Парчиња микропластика се појавуваат во човечките ткива, според истражувањето спроведено од научници од Државниот универзитет во Аризона. Нивниот тим нашол парчиња нанопластика во сите 47 примероци на разни човечки органи што ги испитувале, вклучувајќи примероци на белите дробови, црниот дроб, слезината и бубрезите.

Користејќи оптички спектроскоп, научниците забележале траги од поликарбонат (ПК), полиетилен терефталат (ПЕТ), полиетилен (ПЕ) и некои „обични“ пластични материи во секој примерок на ткиво. Пронајдени се и траги од бисфенол А (БПА), материјал што се користи во изградбата на контејнери со храна, пренесува Футуризам.

„Пластиката што ја загадува околината може да се најде буквално на секоја точка на светот. И за само неколку децении, човештвото излезе од гледна точка дека пластиката е исклучително корисна за човештвото, до тој степен што претставува една од најголемите закани за него“, вели д-р Чарлс Ролски, кој ги претстави резултатите од истражувањето на состанокот на американското хемиско друштво.

Микропластиките се исклучително лесни за влегување во природа и остануваат таму долго време, така што неговите траги често се наоѓаат во најдлабоките „агли“ на нашата планета, како што се големите длабочини на морето, па дури стигаат и до морската храна.

Претходната студија, спроведена во Германија на примерок од 2.500 деца, на возраст меѓу 3 и 17 години, покажала дека 97% од собраните примероци од крв и урина содржат токсични нивоа на пластични нуспроизводи. Слична ситуација се случила и во 2018 година, кога на 10 грама од испитаната столица биле пронајдени 20 парчиња микропластика.

Истражувањата од Аризона покажуваат исклучително ниво на детали кога станува збор за траги од пластика во организмот.

„Анализираните примероци ни дадоа детални информации за животот, диетата и предизвиците на луѓето кои биле изложени. Бидејќи сме запознаени со начинот на живот на донаторите на органи, нашата студија беше првата што покажа траги и начини на потенцијална изложеност на микро и нанопластика“, посочува Ролски.

Сепак, тој додава дека, во оваа фаза, научниците сè уште не знаат дали пластиката што влегува во телото е пречка за здравјето на луѓето.

The post Загрижувачки откритија: Научниците наоѓаат пластика во човечките бели дробови, црниот дроб и бубрезите! appeared first on Слободен печат.


Загрижувачки откритија: Научниците наоѓаат пластика во човечките бели дробови, црниот дроб и бубрезите! was first posted on август 19, 2020 at 7:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....