13.8 C
Скопје
22:57 - 24 април, 2024

Заболените пациенти од коронавирусот кои се лекувани со лекот против маларија имаат поголема смртност

Лекот против маларија кој се промовира како потенцијален лек во лекувањето против вирусот Ковид-19, не се покажа како ефикасен против оваа болест, туку напротив ја зголемува смртноста кај пациентите кај кои е применуван, покажуваат анализите во американските болници каде е користен во терапијата.

Според Франс прес (AFP) и Асошиејтед прес (AP), студијата покажала дека меѓу пациентите заболени од Ковид 19 кои го примале хидроксихолринот, имало поголем број на смртни случаи, отколк кај оние пациенти кои добивале стандардна медицинска нега.

Според агенциите студијата е објавена онлајн, на сајтот на истражувачите и нема рецензија од други научници, а финансирана е од грантовите на Националниот иститут за здравје и Универзитетот Вирџинија.

Студијата не е спорведена како ригорозен експеримент, но заедно со 368 опфатени пациенти е најголема досега спроведена студија за употребата на хидроксихолринот со или без антибиотикот азитромицин во лечењето на коронавирусот од кој досега во светот починаа 171 илјада луѓе.

Анализирани се медицински резултати на 368 мажи, ветерани хоспитализирани со потврдена инфекција од коронавирус.

Како што наведува Асошиејтед пресс, од пациентите кои примиле хидроксихлорин заедно со вообичаената терапија, починале 28 проценти, а од оние кои биле само на вообичаена медицинска терапија, починале 11 проценти.

Утврдено е и дека лекувањето со хидроксихлоринот воопшто не влијаело на неопходноста за употреба на респиратори.

Сепак, според експертите, засега е тешко да се генерализираат резултатите од испитувањата бидејќи експериментите се вршени врз специфична популација, односно мажи во просек со 65 годишна старост и Афроамериканци.

Лекарите за време на лекувањето воочиле дека хидроксихлорокинот може штетно да влијае врз работата на останатите човекови органи. За овој лек е познато дека предизвикува потенцијална опасност вклучувајќи и промени во работата на срцето кое може да предизвика моментална смрт.

Поради опасноста во лекувањето на кардиовакуларно болните, Бразил ја стопираше употребата на овој лек, како и лекот хлорокин, откако пациентите кои се лекувале со него пријавиле срцеви проблеми.

Хидроксихлорокинот и сличниот по состав лек, хлорокин, се користат со децении во лекувањето на маларија, како и кај пореметувања предизвикани од лупус и реуматоидниот артритис.

Овој лек изминатиот период привлече големо внимание поради пандемијата на коронаворусот, бидејќи во лабораториски услови се покажал како ефикасно средство во борбата, уништувањето и размножувањето на вирусот Ковид 19.

Дополнителна поддршка за овој лек дојде и од американскиот претседател, Доналд Трамп, кој јавно ја поддржува неговата употреба во лекувањето на коронавирусот, што беше оспорено од американските медицински експерти.

The post Заболените пациенти од коронавирусот кои се лекувани со лекот против маларија имаат поголема смртност appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....