14.8 C
Скопје
02:41 - 2 мај, 2024

Водечки трговски ланци во Британија најавија над 5.000 откази

Британски Бутс (Boots), трговски ланец кој се занимава со продажба на производи за убавина и здравје и еден од најпознатите брендови во британската улица Хај Стрит, планира да отпушти и до 4.000 работиници и да затвори и до 40 дуќани со оптика.

Бутс е дури последен во низата големи трговски британски имиња кои се тешко погодени од пандемијата на коронавирус.

Од Џон Луис, преку Топшоп до Хародс, сите најавуваат илјадници откази во изминатите две недели откако поради карантинот беа принудени фокусот на својата продажба да ја префрлат преку онлајн трговија.

Џон Луис, трговскиот ланец кој се занимава со продажба на мебел, најави затворање на осум продавници при што под прашање се доведени 1.300 работни места на неговите работиници.

Бутс и оптиката Бутс бележат пад во продажбата од 50, односно 70 отсто, додека Џон Луис јавува дека толку лошо не работеле во изминатите 70 години.

The post Водечки трговски ланци во Британија најавија над 5.000 откази appeared first on Слободен печат.


Водечки трговски ланци во Британија најавија над 5.000 откази was first posted on јули 9, 2020 at 7:31 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....