31.8 C
Скопје
14:40 - 8 јули, 2026

ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе достави забелешки за Законот за ЈО

Стручните тимови на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на неделава ќе достават предлози и забелешки на законот за Јавно обвинителство, по што би требало да се одржи средба на работните групи.

Ова, како што брифираат од двете партии, е договорено на денешната средба меѓу Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО – ДПМНЕ, на која станало збор за можните решенија и одоглавување на дијалогот за законското решение за Јавното обвинителство.

-ВМРО-ДПМНЕ се обврза да достави конкретни писмени забелешки на текстот на законот во наредните денови пред да се закаже средба на работните групи која би требало да се случи до крајот на оваа недела. Постапките на СЈО и продолжување со работа на обвинителите на конкретните случаи со кои се задолжени остануваат најголем проблем за опозицијата. Ние сакаме правда и професионално обвинителство кое ќе ги продолжи постапките. СДСМ цврсто стои зад донесување на законот и работиме со сите пратенички групи за негово донесување, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, посочуваат дека камен на сопнување продолжува да биде, како  што наведуваат, „неизбалансираното законско решение со кое засега не се гарантира независно јавно обвинителство кое е подложно на политички злоупотреби”.

The post ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе достави забелешки за Законот за ЈО appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....