12.8 C
Скопје
02:06 - 16 мај, 2024

Турски трговски логистички центри низ светот

Турција планира да основа странски логистички центри во стратегиски региони во Африка, Америка, Европа, Русија и на Далечниот Исток.

„Имаме намера да ги доставиме турските производи до глобалните пазари на најевтин и најефикасен начин“, изјави министерката за трговија Рушар Пекан.

Еден од приоритетите на нејзиното министерство е да се создадат неопходните инфраструктурни капацитети што ќе ги зголемат перформансите на турскиот извоз на важните пазари, додаде Пекан. Таа подвлече дека добрата логистика игра клучна улога во стратегиското ценовно позиционирање и врз задоволството на клиентите во електорнската трговија, па овие центри ќе ѝ помогнат на Турција во нејзините прекуморски бизнис-иницијативи.

Министерката за трговија информираше дека ваквите логистички центри ќе добијат поддршка од владата во наредните пет години. Оние што ќе покажат добри резултати во првите три години ќе добијат помош уште за наредните пет години. Сепак, таа поддршка нема да биде подолга од 10 години, изјави министерката.

Владата, исто така, ќе ги поддржи овие центри и во врска со трошоците за нивно лиценцирање и разни дозволи за работа, за царински одобренија, за опремување, промоција и маркетиншки активности.

Преземено од Агенција „Анадолу“

The post Турски трговски логистички центри низ светот appeared first on Слободен печат.


Турски трговски логистички центри низ светот was first posted on ноември 1, 2020 at 7:42 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....