12.8 C
Скопје
21:03 - 16 мај, 2024

Татјана Стојановска: Високи потпетици носам само кога морам

Таа е секогаш елегантна и умерена. Со познатата презентерка на вести Татјана Стојановска зборуваме за стилот, модните трендови, негата и секако, за љубовта.

Која облека доминира во твојот гардеробер?

-Со оглед на потребниот дрес код за мојата професија, доминираат сакоа и кошули кои се задолжителна облека за на вести, но за приватни пригоди претпочитам да излезам од професионалниот начин на облекување и најчесто носам фустани, блузи, фармерки и хеланки. Во последно време, што се однесува до обувките, одбирам главно ниски чевли или чизми и балетанки во кои се чувствувам удобно. Високи потпетици носам само кога морам, за некоја свеченост или за поелегантни комбинации за некои настани.

Колку си фанатично расположена за прифаќање на модните трендови?

– Никогаш не сум ги следела модните тендови фанатично. Прифаќам модни трендови кои ми одговараат на мојот карактер и личност. Еве до сега никогаш не сум носела искинати фармерки кои се во мода цела деценија. Некако не ми се вклопуваат во мојот стил и карактер, иако се модерни.

Понекогаш можеби и не ни е удобно во некоја облека, но сепак давам акцент на соодветниот „дрес код“.

Го прави ли оделото човекот?

– Во секој случај да, облеката го истакнува карактерот на личноста и оддава слика за тоа каков си како личност. Таа е нашиот белег и доколку го пронајдеш стилот и го практикуваш може да каже многу за тебе. Јас гледам да бидам секогаш во склад на пригодата и да го испочитувам настанот, посетителите и гледачите кога се појавувам на некој јавен настан или на екран. Тоа го гледам како почит кон другите. Соодветниот изглед покажува и респект. Дали си на свадба, слава, јавен настан, доколку не си соодветно облечен за пригодата, го сметам за непочитување на домаќините. Значи со облеката даваме и порака. Понекогаш можеби и не ни е удобно во некоја облека, но сепак давам акцент на соодветниот дрес код.

Која од познатите Македонки според тебе има изграден стил?

– Не би издвоила некоја македонска жена посебно, но сметам дека многу жени од јавниот живот негуваат свој стил и внимаваат на облеката. Како и, впрочем, балканската жена и Македонките држат до себе во стилот на облекување и даваат акцент на облеката многу повеќе. Складност во боите, стил соодветен на возраста е одлика на македонската жена.

Какви се твоите секојдневни ритуали за нега?

-Посветувам внимание на негата на лицето и телото во границите на нормалата. Периодична посета на козметичко студио за третмани на лице и тело исто така практикувам со години. Сметам дека многу поважно е да се стави акцент и на начинот на живот. Гледам да отспијам барем осум часа, затоа што тоа за мене е важно за изгледот и свежината на лицето и телото. Прошетки на чист воздух, вежбање, здрава храна практикувам колку можам, иако морам да признаам дека во последно време не сум многу физички активна, но планирам да се вратам во таква рутина.

Што за тебе значи љубов?

-Љубовта е најубавата емоција, која ако ја канализирате правилно и ја одржувате на едно нормално ниво може да биде ваша движечка сила и да ве полни со убава енергија. Заедно со љубовта доаѓа и почитта кон личноста, што е надополнување на комплетната слика. Ако има посесивна љубов без почитување, тоа е лоша енергија што ќе ја задуши љубовта.

 

The post Татјана Стојановска: Високи потпетици носам само кога морам appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....