22:10 - 22 декември, 2024

Сведочење на момче од Кина што го победи корона вирусот: „Не можев да се движам, бев премногу исцрпен“

Првиот пациент кој се опорави од нивиот корона вирус, 23-годишниот Хуанг, за кинеските медиуми откри како изгледал процесот на лечење и какви се симптомите на болеста која го принудила да престојува во карантин, пренесува српски „Блиц“.

– Повеќе пати имав грозница, и тоа од 28 декември до 2 јануари. Се лечев во карантин – раскажува Хуанг.

Момчето кое живее во Вухан, градот од кој потекна вирусот, работи во локалната железничка станица, оддалечена на еден километар од пазарот „Хуанан Сифуд“, кој се смета за извор на животозагрозувачката болест.

Првите симптоми ги почувствувал на 24 декември. Како што раскажува, имал главоболки, вртоглавица и многу бил истоштен. Следниот ден ситуаијата се влошила. Мислејќи дека станува збор за настинка, земал боледување од работа и се упатил кон локалната болница. Лекарите му препишале пеницилин и одреден лек кој не го прецизира, но тоа не му помогнало во следните три дена неговата здравствена состојба да се подобри.

Стравувајќи дека предолго е на боледување, одлучил да се врати на работа, но веќе во автобусот додека патувал кон работното место повторно добил грозница. Првиот ден на 2020 година се одлучил да побара второ мислење во градската болница Унион, бидејќи се сомневал дека има запаление на белите дробови.

Допонителните тестирања кои покажале резултати далеку над очекуваните параметри, особено кога станува збор за функцијата на црниот дроб. Кога лекарите се информирани дека неговото работно место е во близина на пазар за морска храна, одлучиле да го префрлат во болницата Џининтан – каде се лечат поголемиот дел од пациентите со корона вирус. Во тој момент, според сопствените зборови, бил толку болен што не можел да се движи и морал цело време да дише кислород. Следните денови ги поминал во карантин.

– Ниту еден сантиметар од мојата кожа не беше откриен. Бев многу уморен – рече и додаде дека сите вработени во болницата биле љубезни, посветени и внимателни со него.

За негова среќа, успеал да се опорави, и верува оти тоа е така поради неговите години.

– Првпат се опоравив од критичната состојба и ја напуштив болницата. Најбрзо се опоравив бидејќи сум млад. Имам само 23 години – рече тој во интервју за весникот „Пеар“.

Засега не е познато точно колку луѓе заразени со новиот вирус се наоѓаат во болниците, ниту пак колку се во критична состојба. Последните официјални податоци укажуваат дека бројката на починати стигна до 26, а повеќе од 800 се заразени. Најголемата бројка на заболени потекнува токму од градот Вухан.

The post Сведочење на момче од Кина што го победи корона вирусот: „Не можев да се движам, бев премногу исцрпен“ appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....