7.8 C
Скопје
05:30 - 24 април, 2024

Со заштитни маски, на растојание, пливачите конечно влегоа на базен (ВИДЕО)

По три месеци пауза, пливачкиот базен во склоп на спортскиот центар „Борис Трајковски“, по посебни протоколи и строго почитување на мерките за заштита од Ковид-19, од вчера повторно е отворен за пливачите.

– Пливачкиот базен во спортскиот центар „Борис Трајковски“ е многу значаен за градот Скопје, токму поради тоа е огромно задоволството што тој повторно е отворен – вели Симона Јовановска, раководител за управување со пливачкиот базен.

Членовите на македонските пливачки клубови, по бројни апели и барања, конечно добија можност повторно да се вратат на базен, со тоа што засега базените можат да ги користат само регистрираните пливачи, додека рекративците ќе почекаат дополнителна дозвола.

Пред самиот влез во базенот строго е утврдено почитувањето на правилото за два метри растојание, со тоа што едната група на пливачи која влегува по завршувањето со пливање излегува од трибинскиот дел, за да не дојде групирање со другата група која чека за влез.

При самото влегување на пливачите им се мери температура, а сите носат заштитни маски и се користи средство за дезинфекција на рацете.

Во продолжение погледнете го видеото:

 

The post Со заштитни маски, на растојание, пливачите конечно влегоа на базен (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Со заштитни маски, на растојание, пливачите конечно влегоа на базен (ВИДЕО) was first posted on јуни 23, 2020 at 4:39 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....