24.8 C
Скопје
15:52 - 29 март, 2024

Со кратење трошоци и нови кредити до пари за четвртиот сет мерки

Ребалансот на Буџетот со кој треба да се најдат пари за спроведувањето на четвртиот економски пакет мерки, вчера се најде во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Членовите на ова комисија имаат можност за десетдневна расправа во однос на новите буџетски ставки, а опозицијата најави 170 амандмани.

Ова е втор ребаланс на Буџетот, а со него приходната страна останува речиси иста на нивото утврдено со претходниот ребаланс од 3,2 милијарди евра. Расходната страна се зголемува за 4,1 проценти, односно за околу 162 милиони евра и ќе изнесува 4,1 милијарди евра. Новиот ребаланс е скроен и со историски најголем буџетски дефицит од 8,4 проценти од бруто-домашниот производ, или во апсолутен износ дефицитот е 920 милиони евра.

Министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи го ребалансот на Буџетот рече дека главен приоритет на Владата се мерките за справување со последиците од ковид-кризата со фокус на забрзување на економската активност во посткризниот период.

– Оваа криза е 4 пати посилна од финансиската криза што се случи во 2009 година, или од должничката криза во 2012 година. Во 2009 година имавме пад на БДП од 0,4 проценти, во 2012 година од 0,5 проценти, а со сегашниот ребаланс на Буџетот се планира пад на економската активност од 4,4 проценти – рече Бесими.

Бесими објасни дека четвртиот пакет мерки се така таргетирани што ќе влијаат врз зголемувањето и на понудата и на побарувачката, а за нивна реализација државата ќе се задолжи, поради што со ребалансот имаме зголемување на буџетскиот дефицит, но и дека ќе има кратење на одредени ставки. Кратења има кај ставката Стоки и услуги, како и кај ставката Капиталните расходи. Од кратењата на овие две ставки треба да се пренаменат околу 33 милиони евра. Четвртиот пакет мерки чини 470 милиони евра.

Никола Мицевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ рече дека не очекува да се имплементира четвртиот пакет мерки, затоа што Владата досега не покажала капацитет за имплементација на ставките од Буџетот. Во таа насока, како што кажа, упатува и критики на зголемувањето на јавниот долг.

– Со претходниот ребаланс се планираше буџетски дефицит од 750 милиони евра, а сега се планираат дополнителни 170 милиони евра, со што за годинава е планиран вкупен буџетски дефицит од 920 милиони евра, или ако во изминативе месеци имавме месечен буџетски дефицит од 71 милион евра, во просек сега ќе имаме 88 милиони евра – рече Мицевски.

Пратеничката од редовите на СДСМ, Сања Лукаревска, рече дека трите сета мерки дале резултати, а празнините што се забележани ќе се пополнат со четвртиот сет на мерки. Дел од претходните мерки, како континуитет, продолжуваат и во четвртиот пакет.

– Првите мерки беа за оние што први беа на удар – туризмот, угостителството и транспортот. Потоа, имаше мерки и за стопанството и за домаќинствата. Со сегашните мерки нема некој што е загрозен, а да не биде опфатен. Продолжуваме со поддршката за работните места, сега скалесто од 14.500 денари до 21.776 денари. Ќе продолжи мерката за намалена казнена камата, ќе продолжи поддршката на занаетчиите… – рече Лукаревска.

Во однос на „Викендот без ДДВ“, Лукаревска рече дека вчерашниот ден бил последен за скенирање на сметките и дека ќе се знае дополнително каков е ефектот.

Од трите пакети искористени само 33 отсто од парите

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, од досегашните три пакети за кои беа одвоени 550 милиони евра, искористени се само 33 отсто од парите.

– Од одвоените 550 милиони евра се искористија 180-190 милиони евра. Ова зборува за тоа каков е капацитетот на институциите за реализација на мерките и за условите за овие мерки. Дел од мерките воопшто не почнаа да се спроведуваат според предвидената динамика – рече Мицевски.

The post Со кратење трошоци и нови кредити до пари за четвртиот сет мерки appeared first on Слободен печат.


Со кратење трошоци и нови кредити до пари за четвртиот сет мерки was first posted on октомври 15, 2020 at 4:56 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....