11:06 - 5 декември, 2025

СКАНДАЛ: Речиси 100 илјади пријави за сексуално злоставување во Американската извидничка организација

Американската извидничка организација (The Boy Scouts of America – BSA) ќе се соочи со најмалку 92.700 пријави за сексуално злоставување, изјави еден од адвокатите на жртвите.

Џил Гејл (58), кој живее во Лос Анџелес, но пораснал во Алабама, изјави дека двапати бил злоупотребуван како извидник во текот на 70-ите години од минатиот век. Тој оцени дека бројот на луѓе што се пријавуваат покажува дека постои свесност за тој проблем во БСА.

Гејл, исто така, верува дека овој проблем ќе го привлече вниманието на луѓето и ќе спречи други деца да бидат злоупотребени. Вели дека напорно работел во обид да помогне на жртвите и посочи дека сака да се јават што повеќе мажи кои биле злоставувани.

Еден од адвокатите, Ван Арсдејл, рече дека комуницирал со илјадници жртви на злоупотреба.

– Врз основа на она што го слушнавме од жртвите, сексуалното злоставување било ритуал сличен на другите задачи каде децата морале да извршуваат одредени должности за да ги стекнат посакуваните значки за заслуги, рече Арсдејл.

Организацијата „Boy scouts of America“ постои 110 години и, по бројните обвинувања низ целата земја за сексуално злоставување, поднесе барање за банкрот за да избегне директна наплата на штета и истовремено овозможи исплата од фондот за компензација.

Кога поднесе барање за банкрот, БСА соопшти дека е револтирана бидејќи имало случаи кога поединци ја користеле програмата со цел злоупотреба на невини деца.

Преземено од slobodenpecat.mk со претходна дозвола од порталот.

Слични објави

(Фото) Познато е кој ќе ја наследи Ана Винтур во „Вог“: Таа е ќерка на холивудски ѕвезди

Еспресо

(Видео) Славниот рапер уапсен, се шетал по гаќи среде улица: Се конфронтирал со полицијата

apostolova

Вдовицата на покојниот Синиша Михајловиќ од тага со месеци на излегувала од дома, сега со партнерот има топ бизнис!

Еспресо

Итно хоспитализиран: Синот на Шер се предозирал, веќе со години е во пеколот на дрогата

Еспресо

Актерот кој го глумеше Сулејман Величествениот осуден на затвор за случај поврзан со протестите против Ердоган

Еспресо

Бритни Спирс по вторпат раскина со момчето, тој заминал од нејзината вила

Еспресо
Се вчитува....