13.8 C
Скопје
23:33 - 2 мај, 2024

Што открива протечениот разузнавачки документ за уривањето на малезискиот авион во Донецк?

Протече таен документ на холандската воена разузнавачка и безбедносна служба за истрагата за падот на малезискиот авион на летот МХ 17, кој е срушен во јули 2014 година.

Досега се сметаше дека голема одговорност за падот на авионот, во кој загинаа сите патници и членови на екипажот, ја има Русија, бидејќи леталото е срушено над територијата на Украина која беше под контрола на бунтовниците кои беа поддржани токму од руските власти.

Според протечениот документ, до падот на авионот МХ17 на „Малезија ерлајнс“ се случило во областа во која ракетните системи Бук (кои се руски), не биле распоредени во време на трагедијата.

Според документот, кој е испратен од холандските обвинители, авионот МХ17 бил надвор од дометот на сите идентификувани оператинвни украински и руски локации на кои биле распоредени системите 9K37M1 Buk M1, пренесува „Тасс“.

Холандскиот новинар Макс ван дер Верф рече дека неговиот главен залучок е оти Холанѓаните имале информации за „мобилните позиции на ракетниот систем Бук за време на судирот“.

– Оваа информација ја немавме видено претходно. И холандската војска заклучи дека нема информации за било какви ракетни системи Бук во близина на авионот МХ17 – наведе тој.

Вкупно се објавени четири документи, а покрај изештаите за позициите на Бук, објавен е и транспкрип од разговорот меѓу германскиот независен новинар Били Сикс и австралиски полицајци.

За време на овој разговор, Сикс споменува сведоци кои ги виделе украинските борбени авиони на денот на несреќата. Трет документ открива дека австралиските експерти, кои работеле на овој случај, анализирале слики кои се изменети.

Четвртиот документ претставува транскрипт од разговор меѓу холандски полицајци и неименуван очевидец, кој рекол дека видел два украински борбени авион пред инцидентот. Неколку минути подоцна, како што навел, слушнал гласна експлозија и забележал како паѓа патничкиот авион.

Авионот „боинг 777“ е срушен над Донецката област на 17 јули на пат од Амстердам до Куала Лумпур. Тогаш загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои државјани на 10 земји.

Досега истрагата за падот на малезискиот авион ја водеше меѓународна комисија, на чие чело беше тим од Холандија.

The post Што открива протечениот разузнавачки документ за уривањето на малезискиот авион во Донецк? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....