Снимките и фотографиите од медицинските работници од ковид амбулантата при Клиничкиот центар Крагуевац по шестчасовна смена, ги покажуваат натчовечките напори на хероите во доба на корона и желбата да се спасат човечки животи.
Докторите и техничарите и покрај клима уредите кои работат нон стоп, се облеани постојано во пот и со испотени раце го дочекуваат крајот на смената и сите велат „да, тешко е, но мора. Животи се во прашање“.
Во Крагуевац дури 700 граѓани се заразени од смртносниот вирус. Во последните 24 часа – 56 се новозаболени. Директорот на оваа здравствена установа, д-р Предраг Саздановиќ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките.
-Здравствениот систем е презаситен, ние сме на работ на силите. Мораме да покажеме одговорност во овој момент. Борбата против коронавирус е национален проблем број еден во овој момент, вели Саздановиќ.
The post Шокантна снимка од ковид амбулантата во Крагуевац: Вака изгледаат по шестчасовна смена, работат со искинати чизми (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Шокантна снимка од ковид амбулантата во Крагуевац: Вака изгледаат по шестчасовна смена, работат со искинати чизми (ВИДЕО) was first posted on јули 10, 2020 at 9:19 pm.