20.8 C
Скопје
17:46 - 28 март, 2024

Усвоени нови мерки за Белград: Кафулињата, теретаните и продавниците ќе работат до 21 часот

На предлог на Кризниот штаб за заштита на здравјето на населението од заразната болест ковид-19, Владата на Република Србија на денешната седница усвои одлука за одредување посебни мерки за заштита на населението од оваа заразна болест на територијата на Град Белград, објавија српските медиуми.

Со оглед на тоа дека во Белград, моментално епидемиолошката состојба е најнеповолна, српската влада одлучи да дозволи да се организираат јавни собири најмногу до 10 луѓе, како на отворен, така и на затворен простор. Исто така во сите јавни затворени простори за секое лице мора да се обезбеди минимум 4 квадратни метри.

Угостителските објекти кои немаат тераса (трговски објекти, трговски центри, фризерски салони, теретани, кладилници) од денеска се обврзани да работат најдоцна до 21 часот, а повторно може да отворат од 6 часот наутро.

Објектите со тераса можат да работат до 23 часот со максимално почитување на сите заштитни мерки.

Во Србија денеска се потврдени 386 заразени и 18 починати лица од новиот коронавирус, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ, додавајќи дека резултатите од протестите ќе се видат во следните денови.

The post Усвоени нови мерки за Белград: Кафулињата, теретаните и продавниците ќе работат до 21 часот appeared first on Слободен печат.


Усвоени нови мерки за Белград: Кафулињата, теретаните и продавниците ќе работат до 21 часот was first posted on јули 10, 2020 at 8:15 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....