26.8 C
Скопје
15:52 - 29 април, 2024

Хрватска ќе го воведе еврото до 2023 година

Република Хрватска влезе во европскиот куресен механизам (ЕРМ II), што е клучен чекор во процесот на воведување евро во Хрватска, а Хрватската народна банка воспостави блиска соработка со Европската централна банка, објави ЕЦБ и Европската комисија.

„На барање на Република Хрватска, министрите за финасии на државите од еврозоната, претседателката на Европската централна банка и министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Данска и Хрватска, следствено на постапката во која учестуваше Европската комисија и по консултации со Економскиот и финансиски одбор (ЕФЦ), донесена е заедничка одлука за вклучување на хрватската куна во механизмот на ЕРМ II“, се наведува во соопштението.

Средниот курс на хрватската куна е утврден на 7,53450 куни за едно евро.

Хрватската куна ќе учествува во механизмот на ЕРМ II во стандарен опсег на флуктуација плус/минус 15 отсто околу средниот курс. Задолжителните интервенциски курсеви ќе бидат објавени во понеделник, на 13 јули во време на отворањето на девизните пазар

Договорот за учество на куната во ЕРМ II се темели, меѓу другото и на обврската Хрватска истовремено да се вклучи во банкарската унија.

Инаку, државата членка која сака да го воведе еврото мора најмалку две години да помине во механизмот ЕРМ II пред да ја воведе заедничката европска валута, што значи дека Хрватска може да смета на влегување во еврозоната најрано во 2023 година.

 

The post Хрватска ќе го воведе еврото до 2023 година appeared first on Слободен печат.


Хрватска ќе го воведе еврото до 2023 година was first posted on јули 10, 2020 at 8:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....