7.8 C
Скопје
05:34 - 29 април, 2024

Двајца лекари од Ургентен центар се расправале на висок тон за пациент, отворена е дисциплинска постапка

Отворена е дисциплинска постапка на Ургентен центар, зашто ноќта, вторник кон среда, двајца лекари влегле во вжештена расправија на висок тон за пациент. Од наши извори на клиниката, дознаваме дека расправијата била меѓу двајца доктори зашто едниот барал пациентот инаку со болки да приложи тест за ковид па дури потоа да биде прегледан, а другиот лекар инсистирал пациентот да биде прегледан. Пациентот бил препратен на Ургентен од друга клиника, за да биде снимен на рентген.

Директорот на ТОАРИЛУЦ доктор, Илир Хасани за ,,Слободен печат” потврди дека имало инцидент и дека ќе следува дисциплинска постапка за да се утврди одговорност.-Имаше вербален конфликт но не беше на ниво да интервенира полицијата. Немало физички контакт меѓу лекарите, туку се закачиле за пациент. Покрената е дисциплинска постапка, се очекува изјава од колегата и ќе се утврдуваат фактите. Имало расправија за пациент префрлен од Неврохирургија, ни рече доктор Хасани.

Тензии неделава имало и на Детската клиника, но за овој случај морала да интервенира и полицијата. Во неделата, на петти јули, во комплексот клиники ,,Мајка Тереза”, поточно на Детската клиника, триесет и едногодишен маж од Скопје, ги навредувал вработените во одделот за Детска Клиника и викал на висок тон. Станувало збор за незадоволен родител, кој заработил прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

The post Двајца лекари од Ургентен центар се расправале на висок тон за пациент, отворена е дисциплинска постапка appeared first on Слободен печат.


Двајца лекари од Ургентен центар се расправале на висок тон за пациент, отворена е дисциплинска постапка was first posted on јули 10, 2020 at 6:23 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....