17.8 C
Скопје
12:03 - 3 мај, 2024

Шекеринска до Николовски: Имавте ли контакти со Груевски откако беше правосилна пресудата?

Во вечерашното гостување на „Топ Тема“, заменик претседателката на СДСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска го праша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски дали контактирал со поранешниот премиер Никола Груевски, откако бил осуден во предметот Тенк.

– Дали ти од моментот кога Груевски има правосилна пресуда, можеш да тврдиш дека ти и твојата партија сте немале контакти со него? Тука се сметаат и финансиските трансакции од Будимпешта, истакна Шекеринска.

Прашањето на Шекеринска следуваше откако Николовски изјави дека Зоран Заев сè уште не одговорил на јавно поставени прашања за негова средба со поранешната спацијална обвинителка Катица Јанева.

– Заев имаше изјава со која лагата ви ја демантираше. Вие поставивте прашање и Заев демантираше. Ние 4 години поставуваме прашања и нема одговор, заврши Шекеринска.

The post Шекеринска до Николовски: Имавте ли контакти со Груевски откако беше правосилна пресудата? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....