14.8 C
Скопје
03:38 - 1 мај, 2024

„Северна“ Македонија пред Уставен

Уставниот суд кон крајот на неделава ќе расправа по иницијативите за преиспитување на уставноста на четирите уставни амандмани. Четирите уставни амандмани беа изгласани од македонското собрание минатата година во јануари.

Станува збор за уставните амандмани, 33, 34, 35 и 36. Со првиот од нив Република Македонија, беше преименвуана во Република Северна Македонија.

Според неофицијални информации на Слободен печат, освен иницијатива со која се оспоруваат четирите уставни амандмани, до Уставниот суд има поднесено иницијативи и за оценување на уставноста и на Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство и на Референдумот. Во сите нив се приговара дека актите изгласани во Собранието, се незаконски и неуставни и не се во интерес на граѓаните.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Минатата година на 11 јануари, Собранието со 81 глас ги изгласа уставните амандмани. Со амандманот 33 во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36. Амандманот 34 се однесува на промените во Преамбулата од Уставот.

Според амандманот, зборовите „кои живеат во нејзините граници“ се заменува со „како и граѓаните кои живеат во нејзините граници, граѓаните на РМ, македонскиот народ, и дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“.

Амандманот 35 е за гарантирање на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави, а амандманот 36 се однесува на грижата за дијаспората.

Половина година порано беше потпишан Преспанскиот договор од шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас на 17 јуни 2018 година во селото Нивици.

Потпишување на преспанскиот договор

Истиот е потпишан и од посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц.
ДИК во однос на  Референдумот во 2018 година со референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, донесе заклучок дека не е донесена одлука, бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.

Една година пред референдумот, на 1. август 2017 година Македонија и Бугарија го потпишаа Договорот за добрососедство.

The post „Северна“ Македонија пред Уставен appeared first on Слободен печат.


„Северна“ Македонија пред Уставен was first posted on ноември 2, 2020 at 7:51 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....