16.5 C
Скопје
04:42 - 18 јуни, 2026

Сепак, Амди Бајрам нема да биде погребан во Алеата на Великаните.

Иако утринава официјално беше најавено дека лидерот на Сојузот на ромите од Македонија, Амди Бајрам ќе биде погребан во Алеата на Великаните, дежурните од А.Д. Бутел за Слободен Печат потврдија дека погребот денес сепак ќе се одржи на муслиманска парцела.

Поранешниот пратеник и политичар, кој во јавноста беше познат и како „Кока Кола“ како што тој самиот се нарече, почина вчера.

Министерството за здравство вчера соопшти дека кај Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19.

Сепак, неговиот син Габриел Бајрам смета дека причината за смртта на неговиот татко се случила подари другите здравствени проблеми од кои боледуваше. Габриел во изјава за Фокус рече дека на неговото семејство им било кажано дека Амбди Бајрам имал мозочен удар и не им било кажано дека бил заразен.

„Татко ми беше дијабетичар цели 20 години. Исто така одеше на дијализа, имаше повеќе здравствени проблеми. Два дена пред да почине, беше на дијализа, според процедурата, тогаш му беше направен коронавирус тест, а резултатот беше негативен.“ изјави Габриел Бајрам за Фокус.

Во меѓувреме тој им порача да носат маски и да држат дистанца на сите што ќе изразат желба да присуствуваат на поворката.

„Поворката до вечното почивалиште на мојот татко Амди Бајрам ќе тргне во 14.00 часот од нашата семејна куќа во Бутел.

Согласно препораките Ве молам сите кои ќе бидат дел од поворката да држат соодветна социјална дистанца и задолжително да носат маски.

Со почитувањето на овие препораки ќе покажеме почит кон нашиот великан и татко, и нема да оставиме можност овој тажен ден за семејството и ромската нација да биде оцрнет.“ напиша Габриел на Фејсбук.

Д-р Александар Стојанов: Сите што биле во контакт со Амди Бајрам на свадбата да бидат во изолација!

The post Сепак, Амди Бајрам нема да биде погребан во Алеата на Великаните. appeared first on Слободен печат.


Сепак, Амди Бајрам нема да биде погребан во Алеата на Великаните. was first posted on октомври 25, 2020 at 1:15 pm.

Слични објави

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо
Се вчитува....