3.8 C
Скопје
06:35 - 26 април, 2024

„Само мртов комуњара е добар комуњара“!?

Јас разбирам дека во секое општество има еден мал процент умоболници кои, после трагичната погибија на младиот лекар и активист на СДСМ на скопска „Рузвелтова“, напишаа грозоморни „идеолошки“ пораки, отворено радувајќи се на неговата смрт. Велам, разбирам, бидејќи политички и ментални ѓубриња секогаш и секаде имало и ќе има, тоа и во попристојни демократии, со поинакво ниво на политичка култура, е просто прашање на статистика.

Но, замислете го овој гест: претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ да издадеше кратко соопштение – тоа на времето се нарекуваше „телеграма“ – со сочувство до семејството и до своите политички опоненти за оваа, пред сè, човечка, а потоа и партиска загуба од спротивниот табор?! Или, не дај Боже, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, пред да ја почне редовната дневна прес-конференција, да каже само една реченица со сочувство, па да помине на барање оставки од списокот за тој ден?!

Замислете каков политички ефект би имал тој едноставен гест на елементарно домашно воспитание, па и на основна политичка култура, не само за неутешното семејство, туку и за потресената, а делумно и збрлавена јавност во земјава!

Нема тоа да се случи, ни сега, ни во догледна иднина. Тој злокобен менталитет на „Ќосето“ упорно се негува во еден опозициски политички круг – можеби Деветтиот, резервиран за злонамерните гревови? – а можеше да се чуе и во бројните објавени снимки од прислушуваните приватни разговори, каде јасно доаѓаат до израз бесчувствителноста во многу случаи кога се поставуваа експлозиви, се препорачуваа ендеци за политичките противници или тие да бидат „сотрени“, кога цинично се коментираа загинувањата на Младенов или на Нешковски… Или кога и денеска се тврди дека во „Шамарите во Центар“ немало „шамари“… Всушност, можеби современата генеза на оваа омраза треба да се побара уште пред десетина години, во она патолошко писмо на лидерот од Будимпешта од 2009 година за „последна пресметка со неистомислениците“…

Таквата страствена атмосфера од тој болен „Деветти круг“ потоа се преточува во различни пакувања на отров во општеството. Во најекстремните случаи се манифестира со насилство во масовни размери, како собраниските настани од 24 декември 2012 година или како 27-априлскиот обид за крвав државен удар во Собранието; но и во помали, персонални дози, како сега со абдаливе на Фејсбук.

Тезата е дека, за жал, ваквата грда „поединечност“ произлегува од „општоста“ што се социјализира низ партискиот менталитет според кој „само мртов комуњара е добар комуњара“. После нема лутење што на некои будали, негувани во таква духовно гнила партиска култура, тоа ќе им текне и да го напишат на Фејсбук.

А за промена не е потребно многу: симболиката на едно искрено сочувство во момент на трагедија може да значи повеќе од сто лицемерни политички прогласи. Зошто во македонската политика да нема и малку човештина?

The post „Само мртов комуњара е добар комуњара“!? appeared first on Слободен печат.


„Само мртов комуњара е добар комуњара“!? was first posted on октомври 16, 2020 at 2:43 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....