18.8 C
Скопје
21:15 - 6 мај, 2024

Нова студија на СЗО: Ремдесивир не помага!

Ремдесивир уште од 1 мај годинава стана единствениот антивирусен лек овластен за третман на Ковид-19 во Соединетите Американски Држави, но најновата студија, спонзорирана преку Светската здравствена организација (СЗО), која опфати над 11.000 пациенти во 30 земји покажа дека не е успешен.

Ремдесивир – од шкарт до лек за Ковид-19

Лекот стана повеќе популарен откако американскиот претседател Доналд Трамп  на почетокот од месецов беше дијагностициран позитивен на коронавирус и магично се опорави, по 2 дена поминати во болница, каде го добивал овој лек.

Солидарност: И со ремдесивир умираат

Студијата на СЗО наречена „Солидарност“ засега е само онлајн објавена и се уште чека ревизија,  но разоткрива дека на над 11.300 возрасни лица, заболени од ковид -19 и хоспитализирани во 405 болници ширум светот, ремдесивир не им помогнал многу.

На учесниците им биле дадени четири лекови поединечно или во комбинација: ремдесвир, хидроксихлорокин, лопинавир, интерферон или интерферон плус лопинавир. Околу 4.100 не добиле третман со лекови.

Истражувањата на крајот покажале дека ниту еден лек или комбинација од нив не ја намалува смртноста, ниту шансите на пациентите да не завршат на механичка вентилација, а не го намалува ниту времетрањето на болничкото лекување, во споредба со пациентите без третман со лекови.

Белград, Србија / 2020 / Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC SERBIA OUT

Неколку претходни студии веќе укажуваа на бесмисленоста на хидроксихлорокин и лопинавир како третмани против коронавирусот. Помалку податоци се објавени за интерферон, молекула произведена од имунолошкиот систем како одговор на вирусите.

Авторите на овие студии ги нарекоа целокупните откритија неперспективни“ и рекоа дека тие се доволни за да ги побијат раните надежи“ дека кој било од тестираните лекови значително ќе ја намали смртноста кај пациентите во болница, започнувањето на респираторната вентилација или времетраењето на хоспитализацијата“.

Наодите за ремдесивир не се многу изненадувачки во однос на претходните сознанија, не сепак „имаат влијание“ во однос на обемноста на студијата „Солидарност“, изјави д-р Марикар Малинис, инфектолог од Универзитетот Јејл.

Тој заедно со д-р Шварц нагласуваат дека од ремдесивир се уште корист може да имаат заболени од ковид-19 во раната фаза од болеста.

Кај потешките случаи на ковид-19, ако во првите денови од инфекцијата не се аплицира лекот за да поттикне силен имунолошки одговор на вирусот, задоцнетото давање на ремдесивир може да биде бесмислено, смета д-р Шварц, додавајќи дека тогаш „коњот веќе е излезен од шталата“.

Реакции од производителот на Ремдесивир

Претходно овој месец, податоците на американската студија за ремдесивир од компанијата Гилеад покажа дека третманот со него го скратува лекувањето од ковид-19 за 5 дена споредено со пациентите кои добиле плацебо, во компаративно истражување спроведено на 1.062 пациенти.

„Податоците на СЗО се неконзистентни во однос на повеќето различни, контролирани студии објавени во стручните медицински списанија кои ја потврдуваат клиничката корист од ремдесивир“, реагираше со соопштение Гилеад за Ројтерс, додавајќи дека тие се загрижени дека новото глобално истражување не е проследено со констуктивна научна дискусија и потребната ревизија.

Ремдесивир, кој првично беше развиен како третман за ебола и хепатитис Ц, го попречува репродуцирањето на вирусите така што се заглавува во новите вирусни гени.

И Македонија во нарачките за ремдесивир

Минатата недела Европската комисија склучи договор со фармацевската компанија „Гилад” за купување на 500.000 дози од лекот „Ремдесивир”, а уште во јули го одобри неговото користење како терапија за лекување на ковид-19.

Договор за заедничко купување на лекот потпишаа 36 држави, меѓу кои и сите 27 земји-членки на Европска Унија.

Заедничкиот договор за набавка е потпишан од 36 земји, вклучувајќи ги земјите од Европската Унија, Норвешка и Исланд, Обединетото Кралство и шест земји сегашни и потенцијални ЕУ кандидати, во кои освен Република Северна Македонија, директна набавка на лекот можат да направат и Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово– соопштија  пред три дена од македонското министерство за здравство.

Инаку, Република Северна Македонија преку Клиничката студија на Светската Здравствена Организација веќе го има лекот Ремдесивир, а со ова ќе се обезбедат дополнителни количини од истиот, нагласија од министерството без да прецизираат колку дози и по која цена ќе ги набави Македонија.

Во студијата „Солидарност“ на СЗО се вметнати и резултатите од лекувањето на македонските пациенти со ремдесивир.

Директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ деновиве за Слободен печат појасни дека ремдесивир, како и секој друг лек, може да има несакани ефекти, најчесто се благи и траат само неколку денови.

-Најчесто се тоа гастроинтестинални тегоби (губење на апетитот, гадење и повраќање, течна столица или опстипација) или општи тегоби (тремор, чешање, главоболка, вртоглавица). Но, некои пациенти можат да имаат и сериозни несакани ефекти, кои покажуваат промени во крвната слика, во параметрите на бубрегот и на црниот дроб. Постојат и преегзистирачки заболувања кај одредени пациенти, кај кои постои контраиндикација или ризик од употребата на овој лек, како, на пример, пациенти со заболувања на црниот дроб, заболувања на бубрезите и др. Исто така, понекогаш неповрзано за основното заболување што го има пациентот, но во зависност од терапијата што ја зема за одредена болест, важно е да се отфрлат можните интеракции меѓу лековите, рече Стевановиќ.

Милена Стевановиќ: Ефектите од Ремдесивир-задоволителни

Д-р Никола Пановски нагласи дека лекот ремдесивир може да биде исклучително опасен, токсичен и со несакани дејства, ако неговата употреба излезе надвор од болнички услови, како што е обично популарно кај нас лекувањето.

Пановски: Ремдесивирот е опасен и токсичен

The post Нова студија на СЗО: Ремдесивир не помага! appeared first on Слободен печат.


Нова студија на СЗО: Ремдесивир не помага! was first posted on октомври 16, 2020 at 12:59 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....