21.8 C
Скопје
23:24 - 10 септември, 2026

Поминаа 13 години од смртта на Тоше Проески, но болката е како да беше вчера: Македонските ѕвезди не го заборавија ангелот! (ФОТО)

Денес е 13-годишнина од трагичната смрт на нашиот Тоше. Денес, неговите пријатели, соработници, колеги и вечни обожаватели споделуваат емотивни пораки и фотографии во знак на непребол за прераното заминување. Зар може некој да те замени, Тоше?

Нашата актерка и водителка Весна Петрушевска на својот Инстаграм профил објави фотографија од последното телевизиско гостување на Тоше во нејзината емисија.

„13 години Тоше, неверојатно…како вчера да си правевме муабет пред снимање, па излеговме да ми го покажеш Туарегот… се смеевме како подзакривуваш со ногата и како си ја повредил… колку беше убав, колку беше убав таа вечер… изморен, смирен, насмеан… ми кажа уште нешто таа вечер… те сакам, недостасуваш…врне и сега…како и оној понеделник…“, напиша Весна Бејби.

Пејачката Андријана Јаневска се присети на музичките почетоци со Тоше објавувајќи видео од нивен заеднички настап за кој напиша: „Life’s a dream, we are dreaming. Непребол.“

Каролина Гочева објави нивна заедничка фотографија под која напиша „Не може да се заборави некој кој направил толку многу за паметење. Засекогаш во нас… 13 години без наш Тоше“.

Сите сѐ уште ги знаеме наизуст песните на Тоше, денес со тажни срца си ги потпевнуваме слушајќи ги на радио или јутјуб. Тоше го паметиме по добрината, огромното срце и неповторливиот талент.

Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил објави слика на која напишал „Поминаа 13 години, а ние ништо не научивме од него…“

View this post on Instagram

Тоше…

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Тијана Дапчевиќ со своите обожаватели сподели драга заедничка фотографија со Тоше, под која напиша „…13“.

Пејачката Антониа Гиговска со своите обожаватели сподели анегдота „И така јас и Весна Петрушевска си седевме на пауза на мјузиклот за Тоше и Бејби ми рече „Си ја одбрала „Иконо моја“ да ја пееш, таа на Тоше му беше омилена песна за душа, ја чуваше за себе, затоа на ниеден концерт не ја пееше… Па така и мене… Иконо моја #вечноќеживееш“.

И нашата дива Калиопи сподели фотографија од Тоше под која сподели стихови од негова песна.

Тамара Тодевска сподели фотографија од Тоше и напиша: Кога љубовта би можела да се измери, планетата Земја би натежнала од копнеж кон него….

Викторија Лоба ја сподели објавата на Слободен печат посветена за Тоше Проески и дополни „Те сакам засекогаш“

„Ко си бевме млади и убаj. Ти остана и млад и убав… Вечна ти слава Тошка!“, напиша Игор Дурловски на Твитер.

Слични објави

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Што значи големата тројка во астрологијата?

Еспресо
Се вчитува....