24.8 C
Скопје
13:40 - 29 април, 2024

Родителите против приемните испити за средношколци: Под итно да се укине оваа одлука

Коронавирусот оваа година го промени и начинот на запишување на учениците во средните училишта во земјава, со тоа што овогодинешниот јунски упис, кој во некои училишта завршува денеска, помина со посебни протоколи, носење на заштитни маси и пријавување на новите кандидати по азбучен ред.

Ранг-листите со запишани ученици од првото пријавување во јунскиот рок за средно образование за учебната  2020/2021 година училиштата ќе се објават денеска по 15 часот, а сите јавни средни училишта во кои се пријавени поголем број ученици со ист број поени од предвидениот во конкурсот ќе организираат квалификациско тестирање на 22 јуни со почеток во 10 часот.

Оваа информација вчера со јавноста ја сподели Министерството за образование и наука, од каде соопштија дека во оние училишта каде што е потребно ќе има приемни тестови за средношколците, како и тоа дека учениците ќе бидат тестирани на јазикот на кој ја следеле наставата во основно образование.

„Учениците кои се пријавиле за гимназиско образование (за сите подрачја) ќе бидат тестирани по наставниот предмет математика и по македонски, албански, турски, односно српски јазик, зависно од тоа на кој јазик ја следеле наставата во основното образование. Додека, за учениците кои се пријавиле за здравствена струка (за сите образовни профили) ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија, исто така на јазикот на кој ја следеле наставата во основното училиште. Конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 22 јуни 2020 година“, се додава во соопштението на МОН.

Токму оваа одлука на МОН да се спроведе квалификациско тестирање во средните училишта каде се пријавени поголем број на ученици со ист број на поени за многу родители е нелогична, посебно бидејќи на матурантите од претходно им беше укинато полагањето на државна матура оваа година.

– Ова нема никаква логика, како сега нашите деца ќе полагаат приемни испити за влез во средно училиште, а претходно оние кои веќе завршија не полагаа државна матура? Мора да важат истите правила за сите – смета родител на ученик кој е кандидат за упис во скопската гимназија „Орце Николов“, каде пак ќе се тестираат најмногу кандидати за упис во прва година на 22 јуни.

Од Министерството за образование пак, на ова велат дека државната матура и квалификационото тестирање се различни процеси и дека тоа опфаќа многу помал опсег на училишта.

„Процесот на организирање и полагање државна матура е многу посложен процес од квалификационото тестирање. Државната матура годинава требаше да опфати околу 14.000 ученици во над 100 училишта, додека квалификационото тестирање вообичаено се организира во 2-3 училишта каде интересот за упис е поголем од бројот на слободни места, но сепак за далеку помал број ученици. Во конкурсот за упис е утврден бројот на слободни места, но и уредено дека ќе се спроведе квалификационо тестирање доколку бројот на пријавени кандидати е поголем од бројот на слободни места во одредено училиште“, тврдат од МОН.

Од друга страна, годинава некои родители сметаат и дека не е праведно тоа што приемните испити за факултетите се откажани, а не и за средните училишта.

– За факултетите ги откажаа приемните, а за средните училишта се воведоа, не знам што да кажам,  под итно да се укине оваа одлука и да се најде разумно решение – додава овој револтиран родител.

Дека полагањето на приемни испити оваа година не е начин за упис на учениците смета уште еден родител на ученик кој своето образование планира да го продолжи во средното медицинско училиште „Д-р. Панче Караѓозов“.

– Верувам дека од МОН можеа да изнајдат друг начин за да го решат овој проблем, исто така како што верувам дека навистина има голем број на ученици со ист број на поени кои чекаат за упис – вели Крсте Велков, татко на ученик кој од септември треба да го започне своето средношколско образование.

Велков објаснува дека токму оваа година нема потреба од никакви дополнителни тестови и вели дека е изненаден поради тоа што ќе има приемни испити во време на пандемијата со  коронавирусот.

„Изненаден сум, во време на пандемија не смееме да го ризикуваме здравјето на децата со дополнителни тестирања. Многу ми се допаѓаше начинот на кој се вршеше уписот при доставувањето на документите, по азбучен ред и без групирање на децата, но ова со тестирањето не е во ред. И покрај тоа што децата се одговорни и ќе седат на одредено растојание со заштитни маски додека полагаат, јас и натаму сум убеден дека ова не е вистинското решение – додава Велков.

И минатата година во неколку средни училишта имаше голем интерес за уписи, односно повеќе пријавени кандидати со ист број поени, но токму под притисок на родителите, МОН ја повлече одлуката да се задржат првичните квоти и сите ученици со просек 5.00 да полагаат квалификациони испити. Така, на пример, во гимназијата „Орце Николов“ се отворија дополнителни паралелки за сите ученици да бидат примени.

МОФ: Идните средношколци имаат многу малку време да се подготоват за квалификационите тестирања

За приемните испити за средношколците пристигнаа реакција и од Младинскиот образовен форум, кои потенцираа дека учениците имаат само четири дека за да се подготват за квалификационите тестирања на 22 јуни.

„Иако тестирањето е наведено во конкурсот за упис во средните училишта, временската рамка за подготовка е многу тесна, а ова е проблем кој се појави и во минатата учебна година, кога МОФ исто така реагираше за несоодветната процедура. Од моментот на објавата на првичната ранг листа во училиштата (која ќе се случи денес), до изведувањето на тестирањето, учениците имаат нецели три дена да се подготват за двата теста. Успехот на ова тестирање директно ќе се одрази на понатамошното образование на овие ученици“, стои во реакцијата на Младинскиот образовен форум.

The post Родителите против приемните испити за средношколци: Под итно да се укине оваа одлука appeared first on Слободен печат.


Родителите против приемните испити за средношколци: Под итно да се укине оваа одлука was first posted on јуни 19, 2020 at 1:39 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....