11.8 C
Скопје
00:04 - 4 мај, 2024

Резултати од истражување: Колку е опасно повторно отворање на училиштата?

Во неделите кои доаѓаат повторно отворање на училиштата ќе значи крај на изолацијата во повеќето европски земји. Но, додека се чини дека епидемијата на Ковид-19 е далеку од општо попуштање, дали тој ризик е добро искалкулиран?

Образовните институции ќе ги отворат вратите постепено, почнувајќи од 27 април во Норвешка, 4 мај во Германија и 11 мај во Франција и Швајцарија. Во Данска ги отворија оваа недела.

Кои се ризиците на кои се изложени децата и наставниците? Кои се опасностите од ширење на коронавирусот во училиштата? Дали продолжувањето на наставата повторно ќе ја разбуди епидемијата пред да почне летото?

Кои се ризиците за децата?

Кога ќе се објави дека дете починало од коронавирусот, сите се шокираат бидејќи такви случаи се многу ретки.

Во Франција досега од Ковид-19 починаа двајца малолетници: 16-годишна тинејџерка и дете помладо од 10 години.

Тешки случаи меѓу децата помлади од 15 години содржат само 0,6 отсто од вкупните бројки во таа земја, според податоците на Француската агенција за јавно здравје.

„Зошто децата имаат благи симптоми и ретко завршуваат во болница? Признавам дека сега на тоа немам одговор“, рекол за АФП епидемиологот Антоан Флахаулт, директор на Институтот за глобално здравје при Универзитетот во Женева.

Постојат неколку хипотези кои се темелат на имунитетниот одговор на децата. Така што изгледа дека постои мал ризик дека младите тешко ќе се разболат по враќањето во школските клупи и на школските игралишта.

Какви се ризиците од ширење на заразата?

Другото прашање се однесува на фактот дека децата можат да го пренесат вирусот на членовите на фамилијата или на наставниците иако не се болни или имаат само благи симптоми.

Податоците поврзани со тоа се помалку јасни, прво бидејќи тешко може да се утврди како некои групи од популацијата можат да го шират вирусот ако имаат мали симптоми или ако воопшто ги немаат.

„Количината на вирусот кај децата веројатно не е толку висока, помала е отколку кај повозрасните“, истакнал професорот Жан-Франсоа Делфраиси, претседателот на Научниот совет за Ковид-19 кој ја советува француската влада за епидемијата.

„Нема доволно податоци“ за пренесување на вирусот меѓу децата и од децата на нивната фамилија, додаде тој за време на сослушувањето во парламентот.

„Спротивно од грипот, каде децата се главни преносители, изгледа во случајот на коронавирусот тие излачуваат помалку од вирусот“, рекла професорката Одиле Лаунај, експертка за заразни болести во болницата Кочин во Париз.

„Да се остават училиштата затворени, а да им се дозволи на возрасните да се вратат на работа би било бесмислено во однос на организација на семејниот живот и јавното здравје“, истакнува професорот Флахаулт.

„Во тој случај децата веројатно би требало да ги чуваат дедовците и бабите, а тоа не го сакаме“, истакнува експертот.

Тестирање во Исланд, до сега најопширно на светот, оди во прилог на аргументите дека децата имаат мала улога во пренесување на вирусот. Во програмата на тестирањето во таа земја, ниту едно дете помладо од 10 години не било позитивно.

Враќањето во училиште ќе биде корисно „кога станува збор за исхрана и пристап на образование за посиромашните деца“, утврди професорот.

Ризик од нова епидемија пред да почне летото?

Ако се потврди дека децата се слаби преносители на коронавирусот, повеќе треба да постои страв од напуштање на училиштата отколку од часовите за физичко образование, смета педијатарот и инфектолог Роберт Кохен.

„Доаѓањето и напуштањето на училиштето се моменти кога возрасните се сретнуваат. Тоа може да има улога во епидемијата повеќе од самите деца“, рекол тој.

„Треба да знаеме што сакаме. Ако не ги отвориме училиштата, не можеме да им дозволиме на луѓето да се вратат на работа. Укинување на изолацијата не значи дека за време на летото ќе има нула заразени. Ќе дозволиме социјалниот живот во одредена мера да закрепне и ќе се надеваме дека ќе ја контролираме ситуацијата за да не дојде до блокада на болниците“, рекол Флахаулт.

The post Резултати од истражување: Колку е опасно повторно отворање на училиштата? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....