16.8 C
Скопје
11:03 - 3 мај, 2024

Разговор со Даница Стојанова, селекторка на музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“: Концерт на Жељко Јоксимовиќ нема да има

Фестивалот „Охридско лето“ бил и ќе остане бисер и поддржувач на најдобрите што ја презентираат, почитуваат и сакаат најголемата гранка на која и боговите ѝ се љубоморни, а тоа е уметноста, порачува пијанистката и селекторка Стојанова.

По бурните реакции по повод информацијата дека на годинешното издание на Фестивалот „Охридско лето“ на 7 август ќе има свој настап српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ, одлучено е да се откаже концертот на Јоксимовиќ.

– Настап на Жељко Јоксимовиќ не е планиран за ова издание на Фестивалот „Охридско лето“, можноста и разгледувањето за таков настап на оф-фест не значи дека ќе има негов концерт. Практично, господинот Јоксимовиќ нема да пее на „Охридско лето“.

Како селекторка на Фестивалот, дали може да ни кажете кој ја донесе оваа одлука и која беше причината да се откаже настапот на Јоксимовиќ?

– Освен класичниот дел од програмата, години наназад фестивалот нуди оф-фест програма каде што настапуваат уметници од некласичната сцена. Сметам дека идејата и размислувањата за да се покани и да настапи Жељко Јоксимовиќ со членови на симфониски оркестар, кои се вработени во Филхармонија на ваков фестивал воопшто не е спектакуларна вест и не е за судење таквата размисла.
Оттука, сите ние треба да се свртиме и ја поддржиме уметноста, зошто конечно секој исцениран скандал е отров за луѓето во овој чуден период.

Дали и Вие сметате дека изведувач од типот на Јоксимовиќ не треба да учествува на ваков вид манифестација каква што е „Охридското лето“?

– Како селекторка на овогодишната музичка програма на фестивалот „Охридско лето“ ја подготвив програмата која брои настапи на врвни уметници во рекордно време. Поради специфичниот период во кој се наоѓаме, уште не сме излегле на прес-конференција од причини што секојдневно се менуваат нештата и мерките за организација на ваков тип настани. „Охридско лето“ е најреномираниот фестивал во Македонија, сѐ со цел да ги собере и да ги претстави врвните уметници од домашната и светската класична сцена. Го молам сиот новинарски еснаф да се стрпи додека не излезе официјалната програма на фестивалот „Охридско лето“.
Но, јас како селектор и уметник од класичната сцена на програмата на овогодишното издание на „Охридско лето“ засега се држам до мојата визија, без никакви отстапки. Фестивалот „Охридско лето“ бил и ќе остане бисер и поддржувач на најдобрите, кои ја презентираат, почитуваат и ја сакаат најголемата гранка на која и боговите ѝ се љубоморни, а тоа е уметноста.

The post Разговор со Даница Стојанова, селекторка на музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“: Концерт на Жељко Јоксимовиќ нема да има appeared first on Слободен печат.


Разговор со Даница Стојанова, селекторка на музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“: Концерт на Жељко Јоксимовиќ нема да има was first posted on јули 9, 2020 at 3:49 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....