25.2 C
Скопје
19:28 - 21 јули, 2026

Пронајдено безживотно машко тело во напуштена сендвичарница во Карпош

Во скопската населба Тафталиџе, кај поранешната сендвичара „Густав“ на улица „Дрезденска“, денес е пронајдено безживотно машко тело во фаза на распаѓање. Според пишувањата на социјалните мрежи, се верува дека станува збор за сопственикот на овој локал, кој таму спиел на импровизиран кревет.

Неофицијалните информации од мрежите велат дека попладнево телото било изнесено од објектот кој е во близина на основното училиште „Војдан Чернодрински“. Исто така се шпекулира дека сопственикот на „Густав“ починал пред неколку месеци.

Се претпоставува дека телото во сендвичарата го пронашол случаен минувач.

The post Пронајдено безживотно машко тело во напуштена сендвичарница во Карпош appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....