23.8 C
Скопје
19:24 - 8 мај, 2024

Познат виролог изнесе непознати податоци: Како коронавирусот се пренесува и каков ќе биде вториот бран?

Професор д-р Андреј Трампуж, виролог од Берлин, се уклучи во емисијата „Еден на единаесет“ на К1 телевизија и неколку пати нагласил дека единствениот начин да се заштитиме од коронавирусот, додека нема вакцина, е да носиме маска и да држиме социјална дистанца.

– Во Германија сега нема толку нови случаи, но пандемијата глобално продолжува. Парадоксот е во тоа дека на местата каде на почеокот не беше алармантно, сега сериозно расте бројот на инфицирани. Вирусот е ист од почетокот, од декември минатата година до денеска и останува опасен, како што беше во Италија. Околу 10% од луѓето имаат тешка инфекција и неколку проценти од луѓето секаде во светот умираат. Многу брзо се шири особено кај асимптоматски заболените. Во почетокот околу 90% од заболените беа постари од 70 години и смртноста беше далеку поголема бидејќи тие луѓе беа хронични заболени. Но, после затворањето кога го забавивме ширењето на вирусот, тој се прошири меѓу младите, што е и логично бидејќи тие повеќе се движат и дружат. Процентуално сега има повеќе случаи кај младите. Мораме во сите затворени простории да носиме маски или да бидеме на дистанца, порача докторот.

Како што објасни, вирусот се шири преку капки, но и преку воздухот.

– Не знам зошто СЗО тоа не го кажуваше од почетокот, бидејќи знаеме дека тоа е така уште од епидемијата на САРС и МЕРС. Преку воздухот вирусот се шири во затворе простор и затоа е многу важно да се носат маски. Тие спречуваат до 90 отсто од честичките. Да ги носевме од јануари, ќе можевме да ја спречиме пандемијата, вели тој.

Д-р Трампужа нагласува и дека не се збори за колективен имунитет и дека мораме да живееме со почитување на мерките се додека не се појави вакцина, како и дека мораме да се тестираме кога ќе почуствуваме симптоми или кога ќе дознаеме дека сме биле во контакт со некој кој е заразен.

– Лицата со симптоми во себе носат поголема количина на вирусот, но и асимптоматските лица и тоа како можат да го пренесат. Колективен имунитет нема да имаме никогаш бидејќи сега се инфицирани дури еден до два отсто од целокупниот број на луѓе. За колективен имунитет потребно е да се заразени меѓу 70 и 80 отсто. Тоа е можно единствено ако не правиме ништо, но тогаш би имале милиони смртни случаи. Единствена можност за враќање во целосна нормала е вакцина и тогаш ќе имаме имунитет, рече докторот.

Антибиотиците како што вели д-р Трампуж, немаат никакво влијание на вирусот но кај тешките случаи кога покрај вирусна имаме и бактериска инфекција, тогаш тие се потребни.

– Пациентите со тешка клиничка слика имаат повеќе антитела по преболување на вирусот, додека оние со слаби симптоми имаат помалку антитела па по три месеци тие и исчезнуваат. Меѓутоа, тоа не значи дека тие не се имуни на вирусот. Имуни се, но не постои тест кој може да ги измери лимфоцитите кои исто така се носители на имунтитет.Тоа е друг механизам за заштита од вирусот кој чести сите го прескокнуваат, вели д-р Трампуж.

Докторот истакнува и дека кога е убаво времето можеме да се дружиме надвор, но со дистанца.

– Маската надвор не е потребна. Базените и водата не се опасни, бидејќи вирусот се пренесува преку воздух, кога се кашла, пее и зборува. Дезинфицирајте ги рацете, бидете надвор, читајте книги, гледајте филмови и ова ќе биде вака уште неколку месеци. Паузи нема да има, но вториот бран нема да биде полош од првиот, бидејќи многу подобро го познаваме вирусот и сме многу повеќе подготвени. На крајот на годината или почетокот на следната би требало да има вакцина. После вакцинацијата ќе биде потребно уште малку време да утврдиме колку е ефективна, може да биде ефектива во процент од 60 отсто па луѓето ќе мораат да се вакцинираат два пати или три пати, но нема потреба за депресија и паника, и ова ќе пројде. Сепак, оваа година најдобро е да се прескокне одмор. Што помалку контакти и движење – тоа подобро за сите. Па, следната година ќе можеме да земеме два годишни одмори, заклучи д-р Андреј Трампуж.

The post Познат виролог изнесе непознати податоци: Како коронавирусот се пренесува и каков ќе биде вториот бран? appeared first on Слободен печат.


Познат виролог изнесе непознати податоци: Како коронавирусот се пренесува и каков ќе биде вториот бран? was first posted on јули 15, 2020 at 7:12 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....