21.8 C
Скопје
09:16 - 21 мај, 2024

Полицаецот виновен за смртта на Афроамериканецот во Минеаполис имал 18 пријави против него

Бившиот полицаец Дерек Чаувин, одговорен за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, имал 18 пријави кои биле поднесени против него, јавува полициската управа во Минеаполис, а пренесува Си-Ен-Ен.

Не се знае на што се однесувале поплаките, а самата управа не дала дополнителни детали. Чаувин е отпушен заедно со тројцата полицајци кои биле присутни.

Џорџ Флојд почина во понеделникот. Настанот го снимил минувач, каде се гледа како Флојд лежел со лицето на земја, имал лисици, додека молел за помош и повторувал дека не може да дише пред да престане да дава знаци на живот. Цело тоа време полицаецот му го држел вратот стиснат со коленото. Се почнало така што вработен во продавница ја повикал полицијата, бидејќи Флојд наводно пробал да плати со лажна банкнота од 20 долари.

И другиот полицаец имал пријави

Тоу Тхао, друг од полицајците на настанот исто така имал шест пријави против него, а една е се уште отворена.

Во 2017 година, Ламар Фергусон покренал тужба во која тврдел дека Тхао и уште еден службеник користеле „неверојатна сила, вклучувајќи и удари, додека Фергусон бил неспособен да се одбрани врзан со лисици“ при неговото апсење. Како резултат Фергусон имал скршени заби и тешки повреди, стои во тужбата.

Градот Минеаполис му платил на Фергусон и неговиот адвокат 25.000 долари како отштета, пишува Си-Ен-Ен.

Пет други пријави биле затворени без дисциплински постапки.

Другите двајца полицајци немале пријави.

The post Полицаецот виновен за смртта на Афроамериканецот во Минеаполис имал 18 пријави против него appeared first on Слободен печат.


Полицаецот виновен за смртта на Афроамериканецот во Минеаполис имал 18 пријави против него was first posted on мај 29, 2020 at 10:13 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....