8.8 C
Скопје
03:31 - 5 мај, 2024

По случајот Турку, Финска, Македонија ја менува државната стратегија

Косовските државјани нема да може повеќе да транзитираат низ Македонија без негативен ПЦР тест. Ова го одлучи Комисијата за заразни болести која предлогот го достави до владата, откако повеќе од 40 патници позитивни на коронавирус слетаа од скопскиот аеродром во Финска. Дел од овие патници само транзитирале низ земјава и патувале со косовски пасош. Досега, патниците од Косово требаше само да приложат изјава на граница дека ќе ја напуштат земјава за три часа и да им покажат на граничните службеници дека имаат електронски авио-билет и им беше дозволено да влезат во Македонија за да ја напуштат на некој аеродром. Меѓутоа, државната стратегија се менува.

Патниците од Косово ќе мора да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Причината поради која Комисијата за заразни болести го промени мислењето е негативната репутација што се создаде за Македонија во Финска, откако десетици патници позитивни на ковид- 19 слетаа на аеродромот во Турку. Ова беше причина финските власти значително да ги заострат нивните контролни мерки, па така секој патник што ќе слета на финските аеродроми од Скопје, мора да оди во задолжителен карантин од две недели и може да биде тестиран по случаен избор.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека таквата слика не е реална и состојбата во земјава со коронавирусот за оценува како стабилна, поради тоа што неколку недели има намалување на бројот на новозараени и починати, а има зголемен број оздравени пациенти. Од 10 до 16 август направени се 11.605 тестирања и од нив помалку од 8 проценти се позитивни во девет градови. Најмногу новозаразени има во Скопје и во Куманово, а во останатиот дел од земјата има само спорадични случаи. Минатата недела регистрирани се 17 смртни случаи што е за 32 проценти помалку од претходната недела. Има 2.932 активни случаи.

Поради нови сознанија за природата на ковид-19, одлучено е најдоцна од сабота, сите позитивни пациенти без симптоми, автоматски да се ослободат од изолација, а тие што имаат симптоми, ќе бидат ослободени од изолација после 20 дена. Причината за ваквата одлука е тоа што светските анализи на релевантни здравствени институции покажале дека вирус кој е доволно силен да предизвика некој друг да се инфицира не постои после 10 дена кај асимптоматските и после 20 дена кај тие што имаат симптоми.

Извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека минатата недела направени се 11.605 тестирања во лабораториите ширум државата во кои се спроведува молекуларно тестирање, а позитивни биле 902 пациенти. Најголем број од новорегистрираните се од Скопје, 251 случај и од Куманово, вкупно 125 лица.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 206 позитивни. Голем број заболени се регистрирани и кај лицата на возраст од 30-39 години, вкупно 163 случаи. На возраст од 50 до 59 години имало 162 пациенти, а најмалку новозаразени имало меѓу децата до деветгодишна возраст, само 26 случаи. Од новодијагностицираните со ковид-19, десет проценти биле хоспитализирани а другите се на домашно лекување. Најголем број од новите случаи имале контакт со потврден случај, вкупно 303 лица, а 27 пријавиле дека патувале во странство. Како оздравени се водат 1.067 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 17 смртни случаи од 9 градови намалување од 32 проценти во однос на претходната недела. Дури 11 од починатите имале придружни болести.

Моментно во болниците се хоспитализирани 288 лица, а од нив 88 се на кислородна поддршка и седуммина на респиратор. Од почетокот на пандемијата до денес во Македонија од коронавирусот починаа 547 луѓе, најголемиот дел на возраст над 60 години и со коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест, дијабетес и белодробна болест. Регистрирани се два смртни случаи кај бремени жени и четири смртни случаи кај здравствени работници.

The post По случајот Турку, Финска, Македонија ја менува државната стратегија appeared first on Слободен печат.


По случајот Турку, Финска, Македонија ја менува државната стратегија was first posted on август 20, 2020 at 7:45 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....