12.8 C
Скопје
14:45 - 25 април, 2024

Големи пожари беснеат во Калифорнија, евакуирани илјадници луѓе

Пожарникарите од вчера се борат со десетици нови пожари низ Калифорнија, сојузната американска држава која е погодени од историски топлотен бран. Пожарите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија, по што гувернерот прогласи вонредна состојба.

Државната противпожарна служба наведува дека во 30-ната пожари во Калифорнија се зафатени вегетација, автомобили и куќи, а опустошени се најмалку 48.500 хектари, од кои некои се во близина на Лос Анџелес и Сан Франциско.

Илјадници луѓе се евакуирани северно и јужно од Сан Франциско, каде што се двете најголеми жаришта.

Пожарите се шират по патиштата, а експлозиите на гасни цевки ги принудија жителите на неколку куќи во општината Вакавил итно да се евакуираат. Полицијата од овој град, со 100.000 жители во близина на Сакраменто, на Твитер го објави повикот за евакуација.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њузом, во вторникот прогласи вонредна состојба за да ја гарантира достапноста на виталните пожарникарски ресурси, влошени од досега невидениот топлотен бран на Западниот брег, како и од силниот ветер.

Речиси 30.000 домови во Калифорнија се без електрична енергија поради прегревање на електричните инсталации.

The post Големи пожари беснеат во Калифорнија, евакуирани илјадници луѓе appeared first on Слободен печат.


Големи пожари беснеат во Калифорнија, евакуирани илјадници луѓе was first posted on август 20, 2020 at 8:16 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....