-4.2 C
Скопје
03:34 - 25 ноември, 2024

Пендаровски на „1000 години Бигорски манастир“: Ова не е само материјална, туку и духовна градба од молитвите на генерации луѓе (ФОТО)

Пред три дена, во пресрет на овој голем ден, имав чест да го одликувам манастирот „Свети Јован Крстител”, со државен Орден за заслуги. Во име на македонските граѓани се заблагодарив за придонесот на ова култно место и што ова место несебично го дава низ вековите, во негувањето на духовното и културно-историското наследство на народот и земјата на која што припаѓа, рече претседателот Стево Пендаровски на почеток од своето обраќање по повод прославата „1000 години Бигорски манастир“.

Денешниот свечен ден, продолжи тој, е прекраток за да ги опише, барем, главните настани од илјадагодишната историја на Бигорски.

– Но, кога за момент, на овие илјада години би гледале како на еден ден, тогаш би можеле да го видиме првиот Охридски архиепископ Јован Дебранин како го основа и осветува манастирот. Би биле сведоци на генерации верници, монаси и мирјани, како ја надградуваат и оддржуваат жива, бигорската обител. Би ги виделе македонските неимари како од варовник ги ѕидаат овие прекрасни градби, легендарните Мијаци – копаничари како трпеливо го резбаат бигорскиот иконостас, прочуените зографи како ги сликаат познатите фрески и икони. Би биле сведоци на илјада празнувања на Христовото раѓање и воскресение. Би виделе како манастирот прераснува во извор на духовноста, писменоста, и преродбата, каде што дејствувале луѓе кои несомнено биле далеку пред своето време – Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски, Анатолиј и Партениј Зографски и браќата Миладиновци, потенцира Пендаровски.

Во претседателскиот говор не изостанаа ниту големи премрежија и несреќи на кои би биле сведоци низ вековите.

– Бигорскиот манастир преживеал прогони, пожари и војни, но и надживеал империи, држави и идеологии. На моменти бил и затворан, но, никогаш, никогаш не бил заборавен и избришан од меморијата на луѓето. По секоја несреќа, монасите, заедно со народот, го обновувале ова светилиште, достигнувајќи нови духовни и уметнички височини. Дури и ваквиот, сосема краток приказ на долгата манастирска историја, неминовно го наметнува прашањето: како овој храм на спокојот и на убавината, успеал да ги преброди сите овие бури?, истакна шефот на македонската држава.

Ова прашање, а уште повеќе одговорот на него, рече тој, се особено важни и за нашиот денешен, современ контекст.

– Економските, социјалните, безбедносните и еколошките кризи со кои се соочува човештвото многукратно се зголемија по интензитет, по својата сложеност и влијание. Пандемијата само ги умножи проблемите. Глобалните процеси и турбуленции влијаат и врз нашето секојдневие. Понекогаш овој вител на кризи прави да се чувствуваме како сѐ да се случува одеднаш, како илјада години да се збиени во само еден ден. И токму во вакви моменти на растечка недоверба меѓу луѓето, страв и неизвесност од непознатото, многу наши сограѓани бараат мир, утеха и надеж токму на ова место. За многу страдалници од различни генерации, различни држави и различни идеологии и религии, Бигорскиот манастир претставува духовно засолниште од бурите на животот. Поделбите и предрасудите кои се толку присутни во нашето секојдневие немаат место во манастирот во кој луѓето се, пред се луѓе, независно од нивните лични особености. Ова е место за заздравување на душевните рани и рехабилитација на зависниците. Многу верници токму во овој манастир ја враќаат вербата во животот и го зацврстуваат својот духовен идентитет, рече Пендаровски во обраќањето пред присутните и јавноста.

Овој илјадагодишен подвиг, како што посочи, се должи на две нешта. Прво, истакна Пендаровски, Бигорскиот Манастир не е само материјална, туку и духовна градба соѕидана не само од бигорскиот варовник, туку и од постојаните молитви на генерации на луѓе од верата.

– Второ, познато е дека оние кои тука поминуваат дел од животот имаат поразлично сфаќање за времето кое за нив е еднакво на вечноста. За нив, секој еден ден минат во самооткажување вреди колку илјада години. Луѓето кои искрено веруваат, полесно го раздвојуваат тривијалното од суштинското, минливото од трајното. Со таквиот свој спокоен став кон животот тие не се натпреваруваат за успех, за материјални богатства или за моќ над другите. Се чини во тоа е тајната на вековното опстојување на овој манастир чии што темели се длабоко поставени во срцата и душите на македонскиот народ, заклучи Пендаровски.

The post Пендаровски на „1000 години Бигорски манастир“: Ова не е само материјална, туку и духовна градба од молитвите на генерации луѓе (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Пендаровски на „1000 години Бигорски манастир“: Ова не е само материјална, туку и духовна градба од молитвите на генерации луѓе (ФОТО) was first posted on октомври 18, 2020 at 1:05 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....