20.8 C
Скопје
11:14 - 29 април, 2024

Јапонски научници предупредуваат: Тестиравме кожа на починат пациент, ковид-19 остана на неа девет часа

Девет часа е активен коронавирусот на човечката кожа или пет пати подолго од грипозните вируси, утврдија јапонските научници лие откритие повторно укажува на потребата од често миење на рацете за што поголема ефикасност на борбата против ковид-19. Колку за споредба, патогенот кој предизвикува грип „преживува“ околу 1,8 часа на кожата, е заклучок од студијата што беше објавена во овој месец во магазинот „Клиникал Инфекшс Дизизис“ (Clinical Infectious Diseases).

– Деветчасовното преживување на Сарс-КоВа 2 на човечката кожа, тип на вирус што го предизвикува ковид-19, може да го зголеми ризикот од негова трансмисија во споредба со ИАВ, вирус од типот А, влијаејќи на тој начин на побрзо ширење на епидемијата, предупредуваат јапонските научници.

Во својата студија тестирале примероци од кожа што била обезбедена од обдукциска постапка по, отприлика, еден ден од смрт на пациент.

Редовната хигиена го намалува ризикот

И коронавирусот и вирусот на грип се деактивираат по 15 секунди од употреба на етанол што се наоѓа во средствата за дезинфекција на раце.

– Подолгото преживување на Сарс-КоВа 2 на коќата го зголемува ризикот од пренос преку контакт, меѓутоа редовната хигиена на раце може да го намали тој ризик, стои во студијата.

Со студијата се поткрепуваат и поддржуваат препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за редовно и темелно миење на рацете за ограничување на трансмисијата на вирусот.

Според податови на АФП, од појавата на пандемијата на ковид-19 во Кина при крајот на минатата година, до денеска во светот се евидентирани најмалку 1.105.691 смртен случај како последица од ковид-19 и над 40 милиони позитивни лица.

The post Јапонски научници предупредуваат: Тестиравме кожа на починат пациент, ковид-19 остана на неа девет часа appeared first on Слободен печат.


Јапонски научници предупредуваат: Тестиравме кожа на починат пациент, ковид-19 остана на неа девет часа was first posted on октомври 18, 2020 at 3:04 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....