18.8 C
Скопје
10:59 - 29 март, 2024

Истражување: Дури 475.000 луѓе имаат помалку од 126 денари на ден!

Кризата предизвикана од Ковид-19 силно ги погоди нискодоходовните групи граѓани кои најчесто работат на нископлатени работни места или се дел од неформалната економија, примаат социјални трансфери или дознаки од странство, е заклучокот на истражувањето што го направи Институтот за економски анализи и истражувања „Фајненс тинк“ за тоа колку пандемијата ја зголеми сиромаштијата во Македонија.

Според нивните анализи најпогодени ќе бидат луѓето што имат помалку од 126 денари на ден. Овие луѓе припаѓаат во групата на „апсолутна сиромаштија“ според меѓународни мерила. Пред ковид кризата, според проценките на „Фајненс тинк“ во оваа група биле 18,5 отсто од населението , или околу 375.000 граѓани, а поради последиците од здравствената криза, и со презмените мерки, во оваа група сега живеат 23,6 процети од целото население, или околу 475.000 граѓани, што е 100.000 граѓани повеќе во однос на периодот пред ковидот.

– Ковид кризта доведе до тоа релативната сиромаштија да стана речиси изедначена со апсолутната сиромаштија. Во релативната сиромаштија се пресметуват и оние кои се помалку сиромашни и оние кои се повеќе сиромашни, односно апсолутно сиромашните, како и екстремно сиромашните. Со новите податоци, оние 100.000 граѓани кои биле сиромашни, но имале повеќе од 126 денари на ден, сега осиромашиле и влегле во групата на апсолутно сиромашни – објаснува Благица Петрески, главен економист во “Фајненс тинк“.

Во екстремната сиромаштија пак, влегуваат луѓето кои имат до 44 денари на ден. Пред ковид кризта, нивното процентуално учество во вкупниот број на население било 4,7 проценти, но по ковид кризата со социјалните мерки, овој процент може да се намали на 3,3 проценти. Односно, пред ковид кризта со помалку од 44 денари на ден живееле околу 95.000 жители.

– Една од владините мерки насочени кон зачувување на животниот стандард на најранливото население беше олеснување на критериумите за стекнување гарантирана минимална помош, што според нашето истражување има потенцијал да извлече 24 илјади лица од екстремна сиромаштија. До јули годинава, потенцијалот е искористен само 65 отсто, што значи дека уште 9.000 лица имаат можност да излезат од екстремна сиромаштија. За таа цел, потребен е понатамошен напор од Владата за соодветно информирање на населението за новите критериуми за стекнување право на оваа помош. Дополнително, им предлагаме на носителите на политики, олеснетите услови за стекнување гарантирана минимална помош да продолжат да важат и во 2021 година, и да се воведе времен додаток на гарантираната минимална помош и времено дополнително олеснување на доходниот услов, со цел да се опфатат, покрај најсиромашните, и дел од ранливите слоеви од населението – вели Петрески.

Петрески објаснува дека според меѓународните критериуми, во апсолутна сиромаштија влегуват сите оние кои се со помалку од 5,5 долари на ден, но сведено на таканаречениот паритет на куповната сила. Поради пониските цени во нашата земја, она што може да се купи со 5,5 долари во Америка, пресметано е дека може да се купи со 126 денари во Македонија и затоа апсолутно сиромашни се сметаат сите оние што имат помалку од 126 денари дневно. Екстремно сиромашни во Америка се оние со помалку од 1,9 долари дневно, но според паритетот на куповната сила, кај нас се оние што дневно имаат до 44 денари за трошење.

The post Истражување: Дури 475.000 луѓе имаат помалку од 126 денари на ден! appeared first on Слободен печат.


Истражување: Дури 475.000 луѓе имаат помалку од 126 денари на ден! was first posted on октомври 18, 2020 at 3:12 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....