10.8 C
Скопје
08:08 - 28 април, 2024

Пазарџиите задоволни од прометот: Добро ни дојде што луѓето не одат по одмори, само вака да биде цело лето

Пазарџиите на зелените пазари се задоволни од прометот што го прават, а купувачите, пак, можат да купат краставици по 30 денари за килограм, пиперки од 30 до 50 денари, домати од 40 до 70 денари, компири за 20 денари, тиквички за 10 денари, цреши од 60 до 100 денари, лубеница за 15 денари, праски за 25 денари за килограм.

Продавачите на зелените пазари велат дека на тезгите одамна не им дошле толку муштерии. Особено е раздвижено пред викендите, а и во вторникот, пред неработниот ден поради изборите, од народ не можеше да се помине.

Еден од пазарџиите вели дека голем дел од пиперките ги продал уште во утринските часови.

– Добро ни дојде што луѓето не одат по одмори, само вака да биде цело лето! – задоволно вели продавачот на пиперки.

Разговаравме и со еден од продавачите на тиквички, моркови, целер… Тој вели дека навистина сега во време на корона, луѓето повеќе трошат, но сепак не како во времињата што тој ги памети.

– Јас сум долги години на пазарот и паметам времиња кога овошјето и зеленчукот речиси исклучиво се купуваа на пазар. Но тоа време беше кога немаше големи маркети и кога луѓето околу 15 часот се враќаа од работа. Тогаш, да се дојде до добра тезга на пазарот, беше влезница за убава заработувачка. Времињата се сменија, но новонастанатата ситуација ме потсетува на тоа време – вели нашиот соговорник.

Претседателот на здружението „Агросојуз“ од Струмица, Ристо Велков, вели дека некоја објективна цена во моментов за продажба на пиперките би била околу 30 денари на големо, односно 50 денари на мало.

– Она што со години е проблем кај нас е што во земјоделството има стихијни цени. Во еден ден може да има поголема понуда и нагло да падне цената и така пиперките да се појават на пазар по 30 денари, а веќе друг ден да се јави недостиг и цената значително да им се зголеми. Најдобро е кај тутунот и кај корнишоните за преработка. Кај нив има класи и цени што однапред се знаат – вели Велков.

Велков вели дека оваа година била особено ветровита и им нанела огромни штети на пластениците, кои се скинале.

The post Пазарџиите задоволни од прометот: Добро ни дојде што луѓето не одат по одмори, само вака да биде цело лето appeared first on Слободен печат.


Пазарџиите задоволни од прометот: Добро ни дојде што луѓето не одат по одмори, само вака да биде цело лето was first posted on јули 15, 2020 at 12:19 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....