18.8 C
Скопје
10:44 - 29 март, 2024

Пари за средношколци и студенти од семејства со ниски приходи

Средношколците кои доаѓаат од семејства со ниски приходи, ќе добиваат ваучери во максимален износ до 3.000 денари за купување на училишен прибор. За оваа намена, на последната седница, Владата донесе Уредба со законска сила за доделување на средства на ученици запишани во јавните средни училишта за купување на училишен прибор, а кои се од семејства со ниски приходи за време на вонредна состојба.

За ова намена во Буџетот се обезбедени 150 милиони денари.  На истата седница донесена е и Уредба со законска сила за плаќање на дел од партиципацијата во трошоците за студирање за студенти запишани за прв пат на прв циклус на студии на јавните високообразовни установи, а се од семејства со ниски приходи за време на вонредна состојба.

Студентите може да искористат еднократна помош од 6.000 денари за партиципација за студирањето, или пак 6.000 денари еднократна помош при сместување, било да е во студенткси дом, или приватно.  Уште 476 компании кои ги исполниле условите по првиот јавен повик на Развојната банка ќе добијат бескаматен кредит. Новиот износ е околу 5 милиони евра.
За првиот повик беше исполнета квотата која беше утврдена на 5,7 милиони вера и сега треба да се бараат дополнителни средства.

„Во врска со овие информации на Развојната банка на Северна Македонија, Владата донесе заклучок да се разгледаат можностите за обезбедување дополнителни средства заради големиот интерес од компаниите за овие мерки за намалување на последиците од коронавирусот Ковид -19“, информираше Владата.

Пресотанатите 37 милиони евра од парите на Светска банка кои биле наменети за поврзување на локалните патишта ќе се пренаменат за исплата на плати на работниците за јуни, согласно мерката за финансиска поддршка за исплата на платите во висина од 14.500 денари – информираше Владата.

Ова е во согласност со Светската банка и со измена на Уредба.

The post Пари за средношколци и студенти од семејства со ниски приходи appeared first on Слободен печат.


Пари за средношколци и студенти од семејства со ниски приходи was first posted on јуни 14, 2020 at 10:36 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....