12.8 C
Скопје
23:21 - 28 април, 2024

Пановски: Дали ако на ХИВ позитивен, му падне бетонски ѕид од три тона врз глава, ќе го водат како починат од СИДА?

Вкупно 188 пациенти починале во Македонија од почетокот на пандемијата со коронавирусот, според официјалните статистики на Министерството за здравство. Од овие лица, како што наведе Институтот за јавно здравје во својот последен приказ за состојбата во Македонија од 9 јуни, кога имаше регистрирани 164 смртни случаи, најголем дел се на возраст од над 60 години, каде е регистриран и највисок специфичен морталитет. На 9 јуни, регистрирани беа 109 случаи на лица од машки пол и 55 на лица од женски пол кои починале. Дури кај 77 проценти од починатите, регистрирани се коморбидитети, односно придружни болести, како кардиоваскуларна болест, дијабетес и белодробна болест. Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и кај бремена жена. Девет од пријавените починале надвор од болница, а останатите луѓе починале за време на хоспитализација.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџоски, во интервју за Слободен печат рече дека починатите кои не се ковид пациенти ќе се водат како ковид, зашто некој ги дијагностицирал во име на транспарентноста.

– На пример, во сообраќајна несреќа загинува некое лице, земен му е брис и тој испаднал позитивен. Ние го водиме дека починал од ковид. Значи, кауза мортис е едно, а кардијак арест е друго. Или, ако лицето починало од малигно заболување, но во периодот од месец или два поради намалениот имунокомпромитиран систем закачило и ковид, ние го водиме како починато од ковид. Дури и при случај на самоубиство, лицето се води дека починало од ковид, само зашто при брисот се покажало дека било позитивно. Со целосна одговорност кажувам, дека најмалку триесет се водат како починати од ковид, иако причината за нивната смрт е сосема друго заболување – рече доктор Караџоски во интервјуто за „Слободен печат“.

Професор доктор Никола Пановски смета дека ваквата методологија не е исправна.

– Може ли некој да го објасни ова? Што е целта? Во секој случај е погрешно, ненаучно и немедицински и неетички. Ако на ХИВ позитивен, инаку здрав, му падне бетонски ѕид од три тона на глава, дали ќе го водат како починат од СИДА – прашува докторот.

Примариус доктор Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје, за „Слободен печат“ тврди дека Светската здравствена организација има утврдено документ со кој им помага на земјите членки да се ориентираат и знаат како да ги водат смртните случаи.

Според документот објавен ОД СЗО, а којшто го следи нашата земја, дефиницијата за тоа што е смрт настаната поради Ковид 19 гласи:

„Смрт поради Ковид 19 се дефинира смрт која резултирала од клинички компатибилна болест, во веројатен или потврден случај на Ковид 19, освен ако не постои јасна поинаква причина за смртта, која не може да се поврзе со Ковид. На пример, траума. Смрт која настапила поради Ковид 19, не смее да се атрибуира на друга болест, на пример канцер, и треба да се брои независно од околностите за кои постои сомнеж дека го поттикнале агресивниот тек на Ковид 19“.

СЗО има и препорака за тоа кога да се сертифицира дека некоја смрт е како последица на Ковид 19. Оттаму се децидни дека е многу важно, земјата да ги регистрира и да ги пријавува смртните случаи поради Ковид 19, на униформен начин.

Но, во прирачникот стои дека лицата што имаат Ковид-19 можно е да починат од други болести или од несреќи и дека таквите случаи не се регистрираат како смрт поради Ковид-19 и не треба така да се сертифицираат.

„Во случај да мислите дека Ковид-19 ги има засилено последиците на несреќата, може да го пријавите тоа на формуларот во вториот дел. Ве молиме да го наведете начинот на настапувањето на смртта во делот број 1, точниот вид на инцидентот или друга надворешна причина“, се наведува во документот.

Ковид-19 треба да се регистрира на медицинскиот сертификат како причинител на болеста за сите што починале каде што болеста ја предизвикала, или се претпоставува дека ја предизвикала или придонела за смртта.

Министерството за здравство тврди дека од почетокот поставило стратегија во која оние пациенти кои починале, а за кои постоело сомневање за присуство на вирусот Ковид-19, да им биде земен брис.

„Ова е одговорна стратегија зашто на овој начин се изолираат контактите на починатиот и се превенира понатамошно ширење на епидемијата“, посочуваат оттаму.

Тие додаваат дека за позитивен на Kовид-19 се регистрира секој кој ќе биде докажан на ПЦР тест за SARS-CoV2 тестирање, а оздравен е секој пациент кој ќе има два негативни резултати во рок од 48 часа.

The post Пановски: Дали ако на ХИВ позитивен, му падне бетонски ѕид од три тона врз глава, ќе го водат како починат од СИДА? appeared first on Слободен печат.


Пановски: Дали ако на ХИВ позитивен, му падне бетонски ѕид од три тона врз глава, ќе го водат како починат од СИДА? was first posted on јуни 15, 2020 at 1:38 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....