04:36 - 7 јули, 2026

Интервју Благој Бочварски: Текстилниот кластер во Штип се става под контрола (ВИДЕО)

Додека состојбата со Ковид-19 во текстилните кластери се става под контрола, во Штип се стравува од појава на нов кластер откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како се транспортираат наемни работници за берба на вишни без заштитна маска и без одржување на потребната дистанца.

Сепак, досега вирусот во Штип е присутен најмногу помеѓу текстилците, но и во неколку државни институции, а како што вели градоначалникот Благој Бочварски, општината ги презема сите мерки за да се спречи ширењето на Ковид-19, најпрво во текстилните конфекции, а потоа и во сите други потенцијални жаришта.

Во врска со тоа дали затворањето на конфекциите може да биде решение за целосно ставање на овој кластер под контрола, Бочварски вели дека тој нема такви ингеренции и дека треба да се бараат други механизми за справување со вирусот.

Превозот на вработените, објаснува штипскиот градоначалник, е сложен систем кој го уредуваат самите конфекции, а инспекции го регулираат сето тоа.

Според него, покрај во текстилните индустрии, во градот постојат повеќе гранки каде вирусот потенцијално би можел да се прошири, па поради тоа вели дека токму тој ќе биде првиот кој лично ќе направи сè за секој кој не ги почитува мерките веднаш да биде казнет.

Во продолжение погледнете го целиот разговор со градоначалникот на Штип:

 

The post Интервју Благој Бочварски: Текстилниот кластер во Штип се става под контрола (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Интервју Благој Бочварски: Текстилниот кластер во Штип се става под контрола (ВИДЕО) was first posted on јуни 15, 2020 at 1:51 pm.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....